Прејди на содржината

Награда „4 Ноември“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Награда „4 ноември“)

Наградата „4 ноември“ која ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот Битола е највисоко општинско признание кое се доделува од 1958 година, а од 2002 година е воведена и награда за животно дело. Се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Македонија и светот. Наградата за едногодишно остварување се доделува на правни и физички лица, додека пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.

Добитници на наградата за животно дело

[уреди | уреди извор]

Добитници на наградата за едногодишно остварување

[уреди | уреди извор]

Наградата не е доделена.[10]

  • Димитар Митревски и Благојче Тодоровски – меѓународен судиски пар
  • Лидија Тфирст Митревска, директор на ЈОУДГ Естреја Овадија Мара
  • Македонското научно друштво – Битола
  • доцент д-р Владимир Рендевски – специјалист неврохирург
  • Панде Димитровски, автор на проектот „Незаборав“
  • Васко Михалчев, пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој е предложен заради значаен придонес со своето учество во гаснење на повеќе од 90 настанати пожари, од кои само во еден месец имало повеќе од 45 пожари.
  • Ѓорѓи Лазаревски, педагог, заради остварувањата и неговата активност во полето на литературата во изминатата година, посебно за неговите издадени две книги „Педагошко-психолошката служба во Битола и Битолско (1973-2018)“ и „Шепотот на пелагониските села“.
  • д-р Јасмина Буневска Талевска, заради нејзините достигнувања и признанија добиени на европско ниво, а како резултат на вложениот труд, работа и ентузијазам на полето на подигнувањето на сообраќајната безбедност, култура и подвижност.
  • Печатницата „Киро Дандаро“, го добива признанието како успешна компанија која не само во Битола туку и на европско тло опстојува како бренд повеќе од 70 години.
  • м-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог, заради нејзините достигнувања во областа на психологијата и успешното претставување на Општина Битола и Македонија на 16. Европски конгрес за психологија каде го изложи својот истражувачки труд на Московскиот државен универзитет Ломоносов.
  • Марија Росенгрен, хуманист, заради остварувања од областа на хуманоста. Има направено повеќе хуманитарни дела, донации во училиштето Ѓорѓи Сугарев, во Заводот „Кочо Рацин“, во битолската болница и други.
  • Градинката „Мајски цвет“ ќе го добие признанието заради достигнување во областа на социјалната заштита, организирање повеќе обуки, работилници, како и ментор на студентите од прва година на Педагошкиот факултет во Битола.
  • доцент д-р Александар Литовски - за достигнувања во областа на литературата
  • Јован Василев - за неговите достигнувања во спортот како претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер
  • проф. д-р Иван Додовски - за неговите достигнувања во областа на науката и културата
  • д-р Васо Радивоевиќ - за достигнувања од областа на здравствената заштита
  • Драган Најденовски - самостоен ликовен уметник, за неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола
  • Менка Николовска - за остварувања од областа на хуманоста и филантропијата

Претходни години

[уреди | уреди извор]

Доделени се повеќе од 300 награди меѓу кои и на:

  • Организација на жени на Општина Битола
  • СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола, 1975
  • Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“
  • НУУБ „Св. Климент Охридски“
  • ХО „Самарјанин“
  • Фабрика „Цермат“
  • Огнен Дранговски
  • Болница „Плодност“
  • д-р Вангел Тодоров
  • д-р Зоран Пејковски
  1. http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/358312/
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-10-18.
  3. http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=feljton&action=details&record_id=139
  4. http://bitolskivesnik.mk/bitolski-vesnik-dobitnik-na-4-noemvriskata-nagrada/
  5. http://sitel.com.mk/nagradata-zhivotno-delo-na-opshtina-bitola-za-milica-shperovikj-ribarski
  6. 1 2 „Доделени наградите 4 ноември“. Архивирано од изворникот на 2022-01-03. Посетено на 2017-11-06.
  7. „Виолета Томовска, добитник на наградата за животно дело, по повод 4 ноември“. Bitola News. Посетено на 4 ноември 2018.
  8. „Наградата за животно дело на Битола, годинава, за Благој Стефановски-Баге“. Bitola news. Посетено на 31 октомври 2019.
  9. „АВТОРОТ НА ПЕСНАТА „АКО ОДАМ ВО БИТОЛА" ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – КАЛИЦА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“. СДК. 31 октомври 2020. Посетено на 4 ноември 2020.
  10. 1 2 „АКТЕРОТ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЈА ДОБИ ОПШТИНСКАТА НАГРАДА НА БИТОЛА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „4 НОЕМВРИ". СДК. 25 октомври 2021. Посетено на 26 октомври 2021.
  11. 1 2 „Доделени наградите "4-ти Ноември" на Општина Битола, плакета за животно дело на Петар Ставрев (фотогалерија)“. bitolanews. 5 ноември 2022. Посетено на 7 ноември 2022.
  12. 1 2 „По повод Денот на ослободувањето на Битола доделени награди на заслужни битолчани“. bitolanews. 5 ноември 2023. Архивирано од изворникот на 2023-11-07. Посетено на 7 ноември 2023.
  13. „АКТЕРОТ БОРИС ЧОРЕВСКИ, ДОАЈЕН НА БИТОЛСКОТ ТЕАТАР, ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“. СДК. 30.10.2024. Посетено на 31 октомври 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. 1 2 „Доделени наградите „4-ти Ноември" на Општина Битола, плакета за животно дело на Панде Петровски“. Битола њуз. 5 ноември 2025. Посетено на 10 декември 2025.
  15. „Доделени наградите „4-ти Ноември" на Општина Битола, плакета за животно дело на Борис Чоревски“. Bitolanews. 4.11.2024. Посетено на 7 ноември 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. „НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА РИЕЧКАТА ЛЕКТОРКА БИЛЈАНА СТОЈАНОВСКА-ЃУРИЌ, БИТОЛЧАНКА ПО РАЃАЊЕ, КОЈА ГИ УЧИ СТУДЕНТИТЕ ВО ХРВАТСКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“. СДК. 5.11.2024. Посетено на 7 ноември 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. „Доделени 4-то ноемвриските награди“. ТВ Тера. 4 ноември 2020. Посетено на 4 ноември 2020.[мртва врска]
  18. „Кои се добитниците на наградата „4 ноември". ТВ Тера. 31 октомври 2019. Посетено на 4 ноември 2019.[мртва врска]
  19. Доделени 4-ноемвриските награди во Битола Архивирано на 6 ноември 2018 г. на семережното место на телевизија Тера