Александар Стерјовски
Александар Стерјовски | ||
Роден | 1933 Битола | |
---|---|---|
Занимање | историчар |
Александар Стерјовски (Битола, 1933 ) — македонски историчар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Стерјовски е роден во Битола во 1933 година. Основно образование и гимназија завршил во родното место. По матурирањето се запишал на Шумарскиот факултет во Скопје, но набрзо се префрлил на Филозофскиот факултет, Југословенска книжевност. По дипломирањето работел како професор по книжевност во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и во Земјоделското училиште во Битола.[1] Бил професор на Педагошката академија, подоцна Педагошкиот факултет во Битола. Двапати бил проректор на универзитетот „Климент Охридски“ во Битола.
Бил раководител на проектот „Печатарството и издаваштвото во Битола“, долгогодишен член на редакцијата на списанието „Развиток“, а бил иницијатор и долгогодишен одговорен уредник на списанијата „Учител“ и „Битола низ вековите“.[2]
Творештво[2]
[уреди | уреди извор]Стерјовски објавил повеќе од стотина статии од областа на фолклорот и битолската историја, како и книгите:
- 1992 - Брусник
- 1994 – Последниот охридски гуслар
- 1999 – Македонските слепи гуслари
- 2001 - Велушина
- 2008 – Водоснабдувањето во Битола пред водоводот
- 2012 – Еден век црвен крст во Битрола
- 2014 - Чествувања
- 2016 – Јавното здравство и превентивната здравствна заштита во Битола
Од серијалот Битолско десеткнижие ги објавил книгите
- 2003 – Битола – Руската колонија
- 2004 – Битола – Каријатиди на театарот
- 2009 – Битола – Реката Драгор
- 2012 – Битола – Записи за злосреќи
- 2016 – Битола – Спорт
- 2017 – Битола – Калеидоскоп
- 2020 – Битола – Градби
- 2022 – Битола – Музика
Награди
[уреди | уреди извор]- 2013 – награда „4 Ноември“ за животно дело
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Здравковска, Жанета (9 август 2022). „Студентски мемоари: проф. д-р Александар Стерјовски (89) студирал во 50-тите - ми предаваа Конески и Поленаковиќ“. Факултети. Посетено на 2 април 2025.
- ↑ 2,0 2,1 Стерјовски, Александар (2020). Битола – Градби. Конзулат на Република Македонија во Република Македонија. стр. 566.
|access-date=
бара|url=
(help)