Градби (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градби
АвторАлександар Стерјовски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Предмет(и)Историја на градбите во Битола
ИздавачКонзулат на Република Македонија во Република Македонија
Издадена
2020
Страници566
ISBN978-608-65122-8-6

Градби – книга од Александар Стерјовски, пензиониран професор на Педагошкиот факултет во Битола. Книгата е издадена од Конзулатот на Република Србија во Република Македонија.[1][2]

Книгата е опфатена со многубројни податоци и фотографии од градби значајни за Битола и тоа градби за војничка намена (касарни и други воени градби, Џепане, Исљахане, Офицерски дом, Воената болница, аеродромот и многу д-р), цивилни градби како квартот Бајлер Маалеси (Баир), квартот Димитри, објектите на Широк Сокак, еврејските населби. Опфатени се јавните градби кои се од посебна намена како затворите, пошти, школи, градби за стопанска дејност, пазари, Безистенот, Монополот, Царинарницата, Јавните зеленила, друмски и железнички врски, паркови, расадници и стаклени бавчи, битолските гробишта и друго.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стерјовски, Александар (2020). Градби. Конзулат на Република Македонија во Република Македонија. стр. 566. |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 „„Градби" е новото монументално дело на проф. Александар Стерјовски како печат за историјата на Битола“. Бабам Битола. 22 ноември 2020. Посетено на 8 декември 2020.