Милица Шперовиќ-Рибарски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милица Шперовиќ-Рибарски
Родена 20 април 1939 (1939-04-20) (83 г.)
Битола, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање пијанистка
Сопружник Кирил Рибарски

Милица Шперовиќ-Рибарски (20 април 1939 во Битола) — македонска пијанистка и универзитетска професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала во 1963 година на Музичката академија во Белград, во класата на В. Шкарка, каде што исто така и магистрирала во 1970 година во класата на О. Михајловиќ. Специјализирала во Париз во 1970 година во класата на А. Чиколини и В. Перламутер.

Била професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје во периодот 1975-2003.

Концертирала како солист и член на Дуото Рибарски во 30 земји на Европа, Азија и во Јужна Америка.

Го основала фестивалот Интерфест во Битола.

Водела мајсторски класика и била член на жири-комисии во повеќе европски земји.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шперовиќ-Рибарски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1659. Text "series " ignored (help)