Драган Најденовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драган Најденовски
Роден 1956
Брод (село), Македонија Македонија
Занимање сликар

Драган Најденовски (Брод (село), 1956) — македонски сликар.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Најденовски е роден во село Брод во 1956 година. Средно техничко училиште завршил во Битола и работел во струката сè додека целосно не му се посветил на сликањето како самостоен ликовен уметник.

Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и Друштвото на ликовните уметници на Битола (ДЛУБ), а бил и претседател на ДЛУБ во еден мандат.

Осврти[уреди | уреди извор]

За ликовното творештво на Драган Најденовски, писателот Панде Манојлов напишал:

Симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски. Секоја негова слика е светлина и реална но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална „Ливада на музите“, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликовен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот.

—Панде Манојлов, [2]

Независни изложби[уреди | уреди извор]

Најденовски има бројни независни изложби[1]:

  • 2020 – „Ликовни предели“, Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“;[2]
  • 2005 – Битола, Ликовна галерија; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Куманово, Културен центар
  • 2003 – Струмица, Салон „Јоска Свештарот“
  • 2001 – Пазарџик, Бугарија, Галерија „Георги Масев“; Панаѓуриште, Бугарија, Градски музеј
  • 2000 – Кавадарци, Младински културен центар
  • 1998 – Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Скопје, Галерија КО-РА
  • 1997 – Битола, Ликовен салон на ДЛУБ
  • 1994 – Битола, Галерија „Ван Гог“
  • 1989 – Битола, Уметничка галерија
  • 1987 – Битола, Дом на културата – ликовен салон
  • 1984 - Грачац
  • 1983 - Сараево

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Каталог за изложба 2005 на Драган Најденовски“ (PDF). Инаку. Посетено на 3 јануари 2022.
  2. 2,0 2,1 „Во Прилеп отворена изложбата на Драган Најденовски - „Ликовни предели". Инфокомпас. Посетено на 29 јануари 2022.
  3. „Доделени општинските награди 4 Ноември“. Шеталиште. 4 ноември 2017. Посетено на 3 јануари 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]