СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гимназија „Јосип Броз-Тито“

Лого на СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола.png
Место
Општина: Битола
Место: Битола
Адреса: Булевар 1 мај бр.51
Основни информации
Основано: 1892
Директор: Лидија Споа
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал soujbt-bitola.edu.mk/

Гимназијата „Јосип Броз-Тито” во Битола — една од најстарите образовни институции од современ трип на просторите на Македонија, со големо реноме и почит. Таа е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик. Секоја година во училиштето настава посетуваат околу 800 ученици.

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Почетокот на нејзиното постоење се врзува со периодот на Османлиското Царство, на крајот од XIX век. Зградата во која денес работи ова средно училиште е изградена во 1882 и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Тој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал куќата на општината, а таа ја претворила во полна гимназија, во која наставата се изведувала на турски јазик. Во неа учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун.

Балканските војни донеле промена на власта во Битола, а со тоа и во битолската гимназија. По заземањето на градот од страна на српската војска, во ноември 1912 година, српските власти ова училиште целосно го промениле и наставата започнала да се одвива на српски јазик. Со мали паузи во периодот на најжестоките борби во Првата светска војна, оваа гимназија продолжила да работи како српска сѐ до 1941 година, односно до почетокот на Втората светска војна. Значењето на ова училиште е уште поголемо, поради тоа што меѓу двете војни во Македонија имало само две средни училишта, во Скопје и Битола, поради политиката на денационализација што српската власт ја спроведувала на овие простори.

По поразот на Југославија и окупацијата на Македонија, новата бугарска власт гимназијата ја претвора во полна гимназија, во која се предава на бугарски јазик. Најголем дел од професорите кои предавале во гимназијата биле донесени од Бугарија.

Битолската гимназија има особено место во историјата на македонскиот народ и поради тоа што таа е првото средно училиште во кое започнала настава на македонски јазик. Тоа се случило на 6 февруари 1945, во период кога сѐ уште траеле борбите во Втората светска војна.

Предната фасада на гимназијата

Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев”, но во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес.

Школување[уреди | уреди извор]

Проектни активности[уреди | уреди извор]

Изборни предмети за II година[уреди | уреди извор]

Изборни предмети за III година[уреди | уреди извор]

Природно-математичко подрачје - Комбинација А[уреди | уреди извор]
Природно-математичко подрачје - Комбинација Б[уреди | уреди извор]
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација А[уреди | уреди извор]
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација Б[уреди | уреди извор]
Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација А[уреди | уреди извор]
Општествено-хуманистичко подрачје - Комбинација Б[уреди | уреди извор]

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Членови на МАНУ[уреди | уреди извор]

Во СОУ Гимназија Јосип Броз Тито со средно образование се здобиле 16 членови на Македонска академија на науките и уметностите

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Гимназија – Јосип Броз-Тито – една од најстарите образовни институции во Република Македонија“. Посетено на 2019-04-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]