Сулејман Рушити
| Сулејман Рушити | |
|---|---|
| Министер за образование и наука | |
| На должноста 2006 – 2008 | |
| Премиер | Никола Груевски |
| Претходник | Азис Положани |
| Наследник | Перо Стојановски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 22 јануари 1972 Чајле, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Албанец |
| Партија | ДПА Нова демократија |
| Установа | Филозофски факултет |
Сулејман Рушити (роден на 22 јануари 1972 година во Чајле, Гостиварско) — македонски режисер и политичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рушити дипломирал режија на Факултетот за драмски уметности во Тирана во 1997 година.[1] Од 1998-2001 бил ангажиран како режисер во Македонска радио-телевизија, а во 2001 и 2002 година бил директор на Театарот на народностите во Скопје.
Рушити бил основач и директор на театарот Алтернативе, Скопје во периодот од 1998-2002 година. Во 2002 година бил еден од основачите на културниот магазин Алтернатива, а во текот на 2002-2003 година бил член на одборот на „Про хелветиа“. Посетувал повеќе обуки од областа на управување на установите од културата во странски образовни установи. Рушити зборува англиски, германски, српски и италијански јазик.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Сулејман Рушити во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука како член на ДПА. По основањето на партијата Нова демократија, Рушити станал нејзин член, за да во 2011 година го најави своето повлекување од политиката[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Азис Положани |
Министер за образование и наука 28 август 2006 - 27 јули 2008 |
Наследник Перо Стојановски |
| |||||||||||||||||||||||||
