Прејди на содржината

Бадолен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бадолен
Бадилен

Воздушен поглед на селото

Бадолен во рамките на Македонија
Бадолен
Местоположба на Бадолен во Македонија
Бадолен на карта

Карта

Координати 41°26′36″N 22°57′10″E / 41.44333°N 22.95278°E / 41.44333; 22.95278
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластСтрумичко Поле
Население2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2434
Повик. бр.034
Шифра на КО27564
Надм. вис.620 м
Бадолен на општинската карта

Атарот на Бадолен во рамките на општината
Бадолен на Ризницата

Бадолен (познато и како Бадилен или поретко Баделен) — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на селото

[уреди | уреди извор]

Името на селото се сретнувале низ документи и како Баделен или Бадиле. Името доаѓа од исчезнатото лично име Бадил, често на латиница запишува и како Бадел, Бадил, Бадол што може да се поврзе со значење на баде = „брат“, и суфиксот -ен што означува дол или рид. Како друго објаснување е дека името доаѓа од растението бадиљ или бадељ или пак од апелативот бадел со значење „чичка“,[2] односно диво трнливо растение.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Бугарија.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 620 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 35,5 километри, додека од патот Струмица-Ново Село-граничен премин е оддалечено 6,8 километри.[4]

До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од селото Ново Коњарево.

На патот за селото се наоѓа стара армиска караула „Бајково“, која го носи името на соседното село Бајково.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век селото било во состав на Петричката околија и било поделено на Велики и Мали Бадилен.[3]

Во 1971 година се случува масовно иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 21,9 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 1.001,4 хектари, на шумите отпаѓаат 886,2 хектари, а на обработливото земјиште 200,9 хектари.[4]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948353    
1953432+22.4%
1961413−4.4%
1971304−26.4%
198113−95.7%
ГодинаНас.±%
19912−84.6%
19942+0.0%
20023+50.0%
20212−33.3%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Бадилен е посочено како село во Петричката Каза кое имало 108 домаќинства со 405 жители христијани,[5] додека истовремено е посочено и како Баделе во Струмичката Каза кое имало 20 домаќинства со 75 жители христијани.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бадолен живееле 750 жители.[7]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бадолен имало 856 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[9]

Бадилен е второ најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 304 луѓе и 54 семејства. Оттогаш започнува масовното иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово.

Селото е зафатено со голема емиграција на населението, па затоа бројот на населението се намалил од 413 жители во 1961 година, на само двајца жители во 1994 година.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Бадолен броело 3 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 750 856 353 432 413 304 13 2 2 3 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Бадолен било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Бадолен, се наоѓале и селата Барбарево, Бајково, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Бајково во која влегувале селата Бадолен, Бајково и Ново Коњарево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата на селото Бајково.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на главната селска црква
Цркви[18]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави
  • Голема Богородица (28 август) — црковна слава која што се прославува со црковно-народен собор на 29 август, кога доаѓаат бадиленците кои живеат во Ново Коњарево и Самоилово; и
  • На 6 мај е селската слава, кога бадиленци повторно доаѓаат во селото и „колат курбан“.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Бадолен

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 30. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 1 2 3 „Бадилен“. Општина Ново Село. 2025-12-24. Посетено на 2026-01-11.
  4. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 16. Посетено на 11 јануари 2026.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 187
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 186-187.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2026.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  17. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 11 јануари 2026.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]