Прејди на содржината

Самоилово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самоилово

Воздушен поглед на селото

Самоилово во рамките на Македонија
Самоилово
Местоположба на Самоилово во Македонија
Самоилово на карта

Карта

Координати 41°24′28″N 22°54′0″E / 41.40778°N 22.90000°E / 41.40778; 22.90000
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластСтрумичко Поле
Население235 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2434
Повик. бр.034
Шифра на КО
Надм. вис.220 м
СлаваГолема Богородица
Самоилово на општинската карта

Атарот на Самоилово во рамките на општината
Самоилово на Ризницата

Самоилово — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на селото

[уреди | уреди извор]
Поглед од падините на Беласица на селото Самоилово во подножјето на планината Огражден

Селото го добило името според Цар Самоил, односно според тоа што во близина се случила познатата Беласичка битка на 29 јули 1014 година, водена помеѓу македонската војска на Цар Самоил и византиската на Василиј II.[2][3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Струмичкото Поле и во средишниот дел на територијата на Општина Ново Село.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 220 метри.[4]

Покрај селото поминува државниот пат А4, кој завршува кај граничниот премин Ново Село со Бугарија, а до селото води локален асфалтен пат.

Самоилово се наоѓа во подножјето на планината Огражден, а од најблискиот град Струмица е оддалечен 25 километри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Самоилово е најмлада населба во Струмичкиот регион, основана во 1971 година од жителите на соседните села Бадолен (70%) и Бајково (30%).[3]

Први жители и основачи на селото во 1971 година биле Костадин Митрев и Стојан Василев.[3]

Селското училиште започнало со работа во 1973 година, а новата училишна зграда потекнува од 1986 година.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

За селото нема аграрни податоци, односно не била водена катастарска евиденција до 2000-тите години.[4]

Во минатото, во селото работела земјоделска задруга, а денес работи продавница.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948    
1953    
1961    
1971    
1981285    
ГодинаНас.±%
1991360+26.3%
1994370+2.8%
2002348−5.9%
2021235−32.5%

Според податоците од 1981 година, селото броело 281 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 370 жители, населено со македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Самоилово броело 348 жители, од кои 345 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 218 Македонци, 1 Србин и 16 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 285 360 370 348 235
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1971 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1790 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на дом на културата.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 302 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 299 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[14]
Реки
  • Василица — мала река, лева притока на Струмица.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димка Митева. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26 и 46.
  3. 1 2 3 4 5 „Самоилово“. Општина Ново Село. 2025-12-24. Посетено на 2026-01-27.
  4. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 264. Посетено на 27 јануари 2026.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јануари 2026.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 27 јануари 2026.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]