Прејди на содржината

Брест (Струмичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брест
Брест во рамките на Македонија
Брест
Местоположба на Брест во Македонија
Брест на карта

Карта

Координати 41°27′57″N 22°51′5″E / 41.46583°N 22.85139°E / 41.46583; 22.85139
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластОгражден
Население во атар1нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Брест или Брес — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во северниот дел на атарот на Сушица.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во јужното подножје на Огражден, во долина на 3 км северно од Сушица. Се делело на маала кои биле наречени според родовите.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Брест било село во Струмичката Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Брес (Bresse) било село со 8 домаќинства сочинети од 22 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бресъ имало 65 жители, сите Македонци христијани.[4][5] Според Јован Трифуноски во 1901 г. во селото имало 12 македонски домаќинства, и на крајот од турското владеење било чифлик на Бекир-бег од Сушица. Поатаму Трифуноски наведува имиња на некои стопани од селото: Цветко, Ѓорѓи, Костадин, Тренчо и Велко.[2]

На почетокот на XX век целото христијанско население на Брест било под врховенството на Бугарската егзаргхија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Брез (Brez) имало 48 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]

Според Трифуноски, поради убиство жителите на Брест се иселиле во Барбарево за да избегнат казна поради убиство кое се случило кај селото во 1901 г.[2] Кога го посетил местото, тој нашол остатоци од куќи, селските гробишта и напуштен каменолом.[2]

Атарот на напуштеното село е припоен кон оној на Сушица.[2]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Трифуноски, Јован Ф (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник српског географског друштва. LVI (2): 73.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 188–189. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  4. 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 106–107.