Бадолен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бадилен)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бадолен
Бадолен is located in Македонија
Бадолен
Местоположба на Бадолен во Македонија
Координати 41°27′59″N 22°57′59″E / 41.46639° СГШ; 22.96639° ИГД / 41.46639; 22.96639Координати: 41°27′59″N 22°57′59″E / 41.46639° СГШ; 22.96639° ИГД / 41.46639; 22.96639
Општина Општина Ново Село
Население 3 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 567 м
Бадолен на општинската карта
Бадолен во Општина Ново Село.svg

Атарот на Бадолен во рамките на општината

Бадолен е село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Бадилен се наоѓа на планината Огражден, во близина на македонско-бугарската граница, на надморска височина од 620 метри.

Историja[уреди | уреди извор]

Името го има добиено од зборот „бадел“, што значи чичка, односно диво трнливо растение. Во почетокот на XX век селото било во состав на Петричката околија и било поделено на Велики и Мали Бадилен.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 3
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Бадилен е второ најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 304 луѓе и 54 семејства. Оттогаш започнува масовното иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово. На пописот од 2002 година забележани се само тројца луѓе и две семејства.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Училиштето во Бадилен, поради недостаток од деца веќе не функционира.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа црквата „Св. Богородица“, посветена на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), што се одбележува на 28 август. Сепак, бадиленците кои живеат во Ново Коњарево и Самоилово, доаѓаат овде следниот ден, на 29 август. Селската слава се празнува на 6 мај, кога бадиленци повторно доаѓаат во селото и „колат курбан“. На 100 метри од селото се наоѓа македонската гранична караула.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.