Прејди на содржината

Бајково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајково

Воздушен поглед на селото

Бајково во рамките на Македонија
Бајково
Местоположба на Бајково во Македонија
Бајково на карта

Карта

Координати 41°25′0″N 22°55′59″E / 41.41667°N 22.93306°E / 41.41667; 22.93306
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластСтрумичко Поле
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2434
Повик. бр.034
Шифра на КО27006
Надм. вис.345 м
Бајково на општинската карта

Атарот на Бајково во рамките на општината
Бајково на Ризницата

Бајково — раселено село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на селото

[уреди | уреди извор]

Името на селото се сретнувале низ документи и како Бапково или Бајков. Името доаѓа од личното име Бајко (што е изведенка од Братислав или Братољуб) и суфиксот -ово.[2]

Според легендата, пак, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 345 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 30 километри, додека од патот Струмица-Ново Село-граничен премин е оддалечено 2,5 километри.[4]

До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од помеѓу селата Самоилово и Ново Коњарево.

Историја

[уреди | уреди извор]
Улица во Бајково за време на Првата светска војна.

Првпат селото се споменува во пописот на населението од 1519 година, кога имало 39 христијански семејства, тројца неженети и десет вдовици.[3]

Според легендата, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место.[3]

Во 1971 година се случува масовно иселување кон новооснованото село Самоилово.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 километар квадратен. На него шумите заземаат површина од 469,6 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 248,8 хектари, а на пасиштата 56,3 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948201    
1953232+15.4%
1961283+22.0%
1971273−3.5%
198165−76.2%
ГодинаНас.±%
199111−83.1%
19945−54.5%
20022−60.0%
20210−100.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Бајково е посочено како село во Петричката Каза кое имало 40 домаќинства со 155 жители христијани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бајково живееле 200 жители.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бајково имало 200 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Бајково е најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 272 жители. Оттогаш започнува масовното иселување кон новооснованото село Самоилово.

Бајково е мало село, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година сеото броело 283 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само пет жители.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Бајково броело само 2 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 200 201 232 283 273 65 11 5 2 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешен дом на културата

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Бајково било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Бајково, се наоѓале и селата Бадолен, Барбарево, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Бајково во која влегувале селата Бадолен, Бајково и Ново Коњарево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бадолен.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[3]
Манастири
Реки

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Бајково

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 31. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 1 2 3 4 5 6 „Бајково“. Општина Ново Село. 2025-12-24. Посетено на 2026-01-11.
  4. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 16. Посетено на 11 јануари 2026.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 187
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 186-187.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2026.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  16. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 11 јануари 2026.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 400. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]