Јуруци
![]() | |
Вкупен број | |
---|---|
околу 3.000.000 | |
Јазици | |
турски | |
Вероисповед | |
ислам | |
Сродни народи | |
Турци и другите туркиски народи |
Јуруци — туркиски народ чии припадници живеат претежно во Турција, односно во Анадолија, а со потело се од Огузите. Во време на Отоманското Царство, Јуруците најмногу биле населени во Македонија и Тракија. Денес, делови од оваа етничка група живеат и на Балканскиот Полуостров, а најмногу во Албанија, Македонија и Грција. Зборот „јурук“ значи номад. Јуруците потекнуваат од областа Конија во Турција.[1]
Јуруците во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија, Јуруците се населиле во XIV век, за време на освојувањата од страна на Османлиите. Тогаш, Јуруците имале статус на „евлади фатихан“, што значело „деца на освојувачот“, т.е. тие се движеле заедно со османлиската војска. Се населиле во источниот дел на Репбулика Македонија, навјеќе во дојарнско - валандовскиот регион и радовишко - штипскиот регион. Најголем број од Јуруците во Македонија живеат во селата што се наоѓаат на планината Плачковица, како: Коџалија, Прналија, Али Коч и др. Исто така, тие живеат и во селата во близината Дојран, Штип и Струмица. По вероисповед, Јуруците се муслимани, а зборуваат на дијалект на турскиот јазик. За нив е карактеристична живописната носија која ја носат жените, а во која доминираат силни бои, најчесто црвена, сина, зелена и жолта.[1]
Живеалиштата на Јуруците
[уреди | уреди извор]Живеалиштата на Јуруците се изградени од кршен камен и дрво, покриени се со камени плочи или ќерамиди во денешно време. Куќите на Јуруците се едноставни приземни градби (простор каде се чува стоката и визба) со кат (странично или средишно поставен чардак и соби околу него). Се карактеризираат со скромна покуќнина, главно садови, волнена постела за спиење, мушами на подовите, додека пак во куќите на побогатите може да се најдат волнени ткаени ќилими (во зима или за празници). Собата на катот која служи за приготвување храна се нарекува Аш одаја. Во некои куќи уште постојат ѕидани огништа иако денес повеќе се користат електрични шпорети. Секоја куќа има амамџик - кој се наоѓа или на чардакот или во дворот на куќата. Куќите на Јуруците немаат огради - авлии. [2]
Стопанска дејност
[уреди | уреди извор]Сточарството е примарна стопанска дејност на Јуруците, иако денес е сведено на минимум. Во минатото претежно се занмавале со овчарство. Основно занимање на мажите е сечење и продажба на огревни дрва.
Образование
[уреди | уреди извор]Основното образование се одвива на турски. Само 3 - 4% од женските деца ( во однос на машките) го продолжуваат образованието после четрвтото одделение. Во 2003 - тата година била отворена една паралелка на турски јазик во радовишката гимназија. Официјалниот јазик на Јуруците денес е архаичен турски дијалект, кој е задржан исклучиво благодарение на изолираниот живот.
Облека
[уреди | уреди извор]Денес машката популација носи современа облека, освен од одредени прилики како свадби (везени кошули, а најстарите носат марама завитканата околу капата), додека пак женската популација од сите возрасти носи исклучиво традиционална облека. Својата облека жените ја изработуваат сами со шиење, ткаење и везење. Секојдневната облека се карактеризира со живописни и колористични фустани, а носијата е составена од елеци, два вида скутини - фути, накит од монистри, игли, ѓердани, гушник. Задолжителна е ткаената покривка за глава - сергија која е црвена или бела. Црвена сергија носта невестите а бела жени и девојки. Фризурата има симболичен статус - девојките немаат шишки а жените имаат шишки.[3]
Религија
[уреди | уреди извор]Шеќер Бајрам, Курбан Бајрам и Х'едерлез се најзначајни празници кај Јуруците, слично како и кај останатиот муслимански свет. Мажите одат во џамија на утринска молитва на првиот ден на Бајрам, а жените го честитаат празникот со приготвени слатки, со кои ги почастуваат и соседите. Пеливанството - организирање игри на борење, се одвиваат на Бајрам или на свадба.
Обичаи
[уреди | уреди извор]Највпечатливи се свадбените обичаи. Мажите се канат одделно од жените, вообичено од од страна на одборник ангажиран за паричен надоместок. Жените се канат жена која добива по едно јајце од секоја поканета. К'на вечер (k'na gecesi), или боење на рацете со к'на е невестински обред кој се одвивал со сабота,а наредниот ден се одвивало обредно миење на рацете и нозете на селската чешма. Свекрвата го почнува обредното оро со запалените к'носани крпи на невестата. После обредот со миењето прославата продолжува во домот на младоженецот. Златото кое невестата го добива при склучувањето брак останува со неа и во случај на развод. При венчањето, улогата на оџата е поголема од таа на матичарот (иако склучувањето брак пред матичар е задолжително).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Марија Тасев, „Направија свадба за четиригодишно девојче, но без зет“, Публика - неделен политички прилог, број 202, сабота, 1 ноември 2014, стр. 4-5.
- ↑ Конеска, Елизабета (2004). Јуруци. Скопје: Музеј на Македонија. стр. 6. ISBN 9989-917-25-6.
- ↑ Конеска, Елизабета (2004). Јуруци. Скопје: Музеј на Македонија. стр. 8. ISBN 9989 - 917 - 25 - 6.
![]() | Оваа статија за народ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|