Кирил Пенушлиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кирил Пенушлиски.jpg
Роден 15 ноември 1912
Солун, Егејска Македонија (денес Република Грција)
Починал 23 мај 2004
Скопје, Република Македонија

Кирил Илиев Пенушлиски (15 ноември 1912 - 23 мај 2004) — истакнат македонски фолклорист, основоположник на оваа наука во Македонија.

Роден е во Солун на 15 ноември 1912 година. Татко му Илија бил трговец а мајката Катерина домаќинка. Завршил основно образование во родниот град, потоа гимназија во Скопје во 1931 година. Во 1938 година завршил Филозофски факултет, група Југословенска книжевност и докторирал на тема: "Стефан Верковиќ - собирач на македонски народни умотворби" (1956 г.). За време на окупацијата активно бил вклучен во НОБ, (бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје), а по војната работел на повеќе важни функции, во Министерството за трговија, генерален секретар на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", професор на Филозофскиот (подоцна Филолошкиот) факултет, Декан на овој факултет, Ректор на Скопскиот универзитет, член на Советот на републиката и др. Доктор по филолошки науки и основоположник на македонската фолклористика. Почесен член на ДПМ.

Пенушлиски е татко на ликовниот уметник Илија Пенушлиски.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни, три книги, (1958-9),
  • Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни (1961),
  • Книга за Миладиновци, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов(1962),
  • Народна поезија (1964),
  • Народни приказни (1964),
  • Црвен се бајрак развева (1965),
  • Македонско народно творештво, во десет книги, (1968-1973),
  • Волшебни приказни (1968),
  • Јуначки песни (1968),
  • Обредни и митолошки песни (1968),
  • Пословици и гатанки (1969),
  • Преданија и легенди (1969),
  • Приказни за животни (1973),
  • Битови приказни и анегдоти (1973),
  • Трудови, семејни и хумористични песни (1973),
  • Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби во десет книги (1972), главен редактор, Блаже Ристовски, одговорен уредник и Томе Саздов, член на редакцијата,
  • Малешевски фолклор (1980),
  • Македонски еротски приказни (1981),
  • Македонски фолклор(1981),
  • Светот на приказните на Марко К. Цепенков (1982),
  • Марко Крале, легенда и стварност (1983),
  • Македонски народни балади (1983),
  • Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби во пет книги (1985),
  • Болен Дојчин (1986),
  • Богови и попови, заедно со Танас Вражиновски (1987),

Одбрани фолклористички трудови, четири книги, (1988),

  • Васил Икономов, Старонародни песни и обичаи од Западна Македонија, со Блаже Ристовски и Блаже Петровски, (1988),
  • Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни во пет книги (1989),
  • Народната култура на Егејска Македонија (1992),
  • Фолклорни поетски мотиви (1992),
  • Зборникот на Панајот Гиновски од Галичник (1995),
  • Митот и фолклорот (1996),
  • Ѓорѓи Милошев, Галички свадбарски народни песни (1996),
  • Приказни за лисицата (1997),
  • Македонски фолклор, историски преглед, (1999)

Книги за деца:

Јуначки мегдан (1964)

Итри, будалести и секакви (1964).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009, стр. 1132