Марин Каталиниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марин Калиниќ
Роден(а)20 август 1887
Трогир, Хрватска
Починал(а)2 декември 1959
Скопје, Македонија
Полињафизика
УстановиПриродно-математички факултет, Скопје
ОбразованиеУниверзитет во Загреб, Универзитет во Виена
Познат поЕлектролиза, капиларни бранови

Марин Каталиниќ (Трогир, 20 август 1887Скопје, 2 декември 1959) — физичар, редовен професор во Загреб и Скопје, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Каталиниќ е роден во Трогир на 20 август 1887 година. Студирал математика и физика во Загреб и дипломирал во 1913 година во Виена. Работел како гимназиски професор, а потоа на Универзитетот во Загреб. Докторирал во 1928 година во Белград со тема за стојни бранови на циркуларно и елиптички поларизирана светлина. Раководел со Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во првата деценија од неговото постоење, ги предавал основните предмети и ја оформил збирката со демонстрациони експерименти. Објавил 40 статии во странство и кај нас во врска со појавите на електролизата, капиларните бранови, расејувањето на светлината, детектирањето на честички со фотоемулзии и др. Автор е на првата статија од физика печатена во Македонија и на првиот учебник по физика објавен на Универзитетот во Скопје (Одбрани делови од механика, 1959). Бил раководител на Институтот за физика во Загреб од 1943 до 1946 година, проректор на Универзитетот во Скопје од 1949 до 1951 и ректор од 1954 до 1956 година. Во 1952 година бил претседател на Друштвото на математичари и физичари на Македонија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 681. ISBN 978-608-203-023-4.