Димитар Митрев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Dimitar MITREV.tif
Роден 14 октомври 1919
Дедеагач
Починал 24 февруари 1976
Охрид, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање литературен критичар и есеист


Димитар Митрев (Дедеагач, 14 октомври 1919 - Охрид, 24 февруари 1976) е македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Уште во 1938 година, кога бил формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членувал во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеле за афирмирањето на македонската национална култура.

Во периодот 1974-1976 е ректор на Скопскиот универзитет.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • „Антологија на македонската лирика“ (1951, со Блаже Конески)
  • „Вапцаров“ (1953)
  • „Критериум и догма“ (1956)
  • „Минато и литература“ (1958)
  • „Odsev Ilindenske wsatje v umjetni literaturi“ (Ljubljana, 1958)
  • „Повоени македонски поети“ (Антологија, 1960)
  • „Пиринска Македонија и БКП“ (1961)
  • „Критики и огледи“ (1969)
  • „Избрани дела“ (7 т., 1970)
  • „Есеји и критике“ (Белград, 1975)
  • „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“ (1980)
  • „Пиринска Македонија“ (1986)[2]

Основни дела посветени на творештвото на Димитар Митрев[уреди | уреди извор]

  • Петар Ширилов: Мислата и делото на Димитар Митрев: пролегомена за духовниот портрет, Скопје, Наша книга, 1974 - 274 стр.
  • Катица Ќулавкова: Димитар Митрев, живо дело, Скопје, Ѓурѓа, 2004

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=20&glavno=1
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 163 -164.

Литература[уреди | уреди извор]