Петар Ширилов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Петар Ширилов (18 мај 1934, с. Горничево, Леринско, - 5 септември 1988, Скопје) — македонски раскажувач, романописец и литературен критичар. Завршил средно земјоделско училиште во Струмица. Студирал на Филозофски факултет во Скопје. Работел во културната рубрика на Радио Скопје, а потоа како новинар-уредник во весникот „Трудбеник“. Член на ДПМ од 1964 година.

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

  • За детството и светулките (раскази, 1961)
  • Заветрина спроти виулицата (роман, 1962)
  • Плачат оние планини за мене (роман, 1965)
  • Светогорци (роман, 1966)
  • Бунт во каменот (раскази, 1966)
  • Од болот до метафората (есеи, 1971)
  • Црноборје (роман, 1972)
  • Историја и револуција (огледи и студии, 1973)
  • Мислата и делото на Димитар Митрев (монографија, 1974)
  • Земја во дулбија (роман, 1976)
  • Света шума (роман, 1978)
  • Геометри (раскази, 1988)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]