Катица Ќулавкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катица Ќулавкова.png
Роден Катица Ќулавкова
21 декември 1951
Велес, Македонија
Занимање поетеса, академик, професор, литературен теоретичар, критичар, есеист.


Катица Ќулавкова (Ката, според личната карта) e родена на 21 декември 1951 година во Велес. Taa e книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик - редовен член на МАНУ.

Образование и работен век[уреди | уреди извор]

Основното и средното гимназиско  образование го стекнува во родниот град (матурира 1969 година). Се запишува на Филозофско-историскиот факултет, на групите Историја на јужнословенските книжевности и Македонска книжевност (а факултативно се запишува и на групата за француски јазик и книжевност) во Скопје, каде што дипломира во јуни 1973 година. Акад. Ќулавкова магистрира во 1982 година на Филолошкиот факултет во Скопје, со трудот „Метафората и современата македонска поезија“, а докторира во 1986 година, на Филозофскиот факултет во Загреб, со дисертацијата „Odlike lirike” („Одлики на лириката“). Магистерскиот труд е од областа на теоријата на книжевноста и македонската книжевност, а докторската дисертација од областа на теоријата на книжевноста и компаративните книжевни студии. И двата труда припаѓаат на доменот на науката за книжевноста.

Како стипендист на француската влада, акад. Ќулавкова има остварено два едногодишни студиски престоја на Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона (1977/78) и Сорбона 1 во Париз (1983/84), (под менторство на угледните професори Michel Décodian и Jean-Pierre Richard). Во тек на една академска година има работено во Лекторатот по македонски јазик и литература при Институтот за ориентални јазици, INALCO – Париз (1994/1995), каде што држи настава по македонска книжевност и јазик, обликувана во два одделни курса: „Македонската книжевност од Климент до денес“ и „Македонската усна традиција и македонската современа книжевност – споредбени интерпретации“. Во пролетта 1997 година остварува истражувачки престој во Париз со грант од Програмата ТЕМПУС, при Универзитетот Париз 8 – Saint-Denis, во соработка со истакнатиот професор, филозоф и поет Michael Deguy, со цел да подготви наставна програма по новиот универзитетски предмет „Книжевна херменевтика“. Од 2001 до 2002 година остварува тесна наставно-научна соработка со Катедрата за општа и компаративна книжевност при Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона, како партнерска институција на Проектот ХЕСП (Нов модел на курикулуми по компаративни книжевни студии), кој се реализира под нејзино раководство. 

Од 1973 до 1981 година, Ќулавкова работи во општинската и републичката младинска организација (член на Секретаријатот), а две години има работено и во Градскиот комитет на СКМ, во одделението за култура, уметност и образование. Таа била член на ЦК на СКМ во еден мандат. Ќулавкова била член на Републичката комисија за културни врски со странство, потпретседател на Републичката комисија на УНЕСКО, член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и др. Од 1990 е секретар, а од 1996 до 2000 година претседател на Македонскиот ПЕН центар, кога е избрана за почесен претседател на Македонскиот ПЕН. Во септември 2002 година е избрана за претседател на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот П.Е.Н. од Лондон, а во 2008 (на Конгресот во Богота, Колумбија) - за Потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон).

Била член на издавачкиот борд и на бордот за електронско издаваштво при Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, и член на Бордот за родови студии при „Евро-Балкан“. Била член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Р. Македонија, член на редакциите на списанијата „Разгледи“, „Спектар“, Identities/Идентитети и др. Била и главен уредник на списанието Прилози за лингвистика и литературна наука при МАНУ. Таа е основач на електронското списание за компаративни студии Mirage/Мираж при Катедрата за општа и компаративна книжевност, како и на меѓународнaта колекција Diversity/Разноликост.

Таа повремено преведува текстови (есеи и поезија) од француски и од српски/хрватски јазик.  Своите текстови во оригинал ги пишува на пишува на македонски јазик.

Во 1982 година, Ќулавкова е избрана за асистент при Институтот за литература (сега Институт за македонска литература) на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По докторирањето, во 1987 год. се префрла во наставна дејност на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што најпрвин е избрана во звањето доцент, потем во звањето вонреден професор, а од 1997 година во звањето редовен професор по предметите Теорија на книжевноста, Методологија на проучувањето на книжевноста, Книжевна херменевтика и Креативно пишување.          

Ќулавкова има напишано, приредено и објавено над педесет книги (поезија, раскази), научни студии, збирки есеи и критики, хрестоматии и антологии кои се неодминливи во просудувањето на книжевните феномени, фела, факти и вредности и кои имаат оставено силен печат во профилирањето на новите и релевантни теориско-методолошки концепции на книжевноста, во сите нејзини носечки видови: поетскиот, раскажувачкиот, драмскиот и есеистичкиот.

Добитник е на книжевните награди: „Димитар Митрев“ (за критика и есеј за книгата Мала книжевна теорија), „Велја кутија“ (за теоретски систем на идеи за книгата Теорија на книжевноста, увод), „Браќа Миладиновци“, „Нарциса“, „Млад борец“ и „Студентски збор“ (за поезија). Добитник е на највисокото државно признание за животно дело „11 Октомври“ (2014). Добитник е на меѓународно признание за книжевен опус на Друштвото на писателите на Романија (2016).

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избрана на 27 мај 2003 година. Во мај 2014 година е избрана за член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург). Во МАНУ има изведено неколку научноистражувачки проекти од републички и меѓународен карактер, меѓу коишто: „Поимник на книжевната теорија“, „Балканската слика на свет“ (со Полската академија на науките), „Интерпретации“ – Европски истражувачки проект, „Методи на книжевната херменевтика“, „Културните интеграции и стабилноста на Балканот“ (со БАН) и др. Два нејзини проекта се поддржани од УНЕСКО.

Член е на Европската Академија на науките и уметностите (од 2014).

Нејзини поетски книги се преведени на повеќе светски јазици (англиски, француски, италијански, руски, хрватски, српски, црногорски, романски, бугарски, албански, турски, португалски и др.

Живее во Скопје, со семејството. Мајка е на еден син.

Научна работа[уреди | уреди извор]

Од нејзиниот докторат во 1984 таа е вработена на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност, и е на оваа позиција до денешен ден. Една година работи при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1978 година. Во 2003 е избрана за член на Македонската академија на науки и уметности.[1]

Има подготвено неколку хрестоматии и зборници: Теорија на интертекстуалноста (2003), Поетика и херменевтика (2003), Дијалог на интерпретации (2005), Балканска слика на светот (2006), Поимник на книжевната теорија (2007), Критички методи и интерпретации во два тома (2018). Приредувач е и на 5 тома на проектот Интерпретации (2007, 2008, 2009, 2010).

Творештво[уреди | уреди извор]

Катица Ќулавкова има напишано, приредено и објавено над педесет книги (поезија, раскази), научни студии, збирки есеи и критики, хрестоматии и антологии кои се неодминливи во просудувањето на книжевните феномени, фела, факти и вредности и кои имаат оставено силен печат во профилирањето на новите и релевантни теориско-методолошки концепции на книжевноста, во сите нејзини носечки видови: поетскиот, раскажувачкиот, драмскиот и есеистичкиот.

Поезија[уреди | уреди извор]

Книги на Катица Ќулавкова (авторски, приредени и преведени книги):

Книги поезија
  • 1975. Благовести. Скопје: Мисла.
  • 1978. Акт. Скопје: Македонска книга.
  • 1981. Нашиот согласник. Скопје: Мисла.
  • 1984. Нова пот. Скопје: Мисла.
  • 1989. Жедби: престапни песни. Скопје: Мисла.
  • 1993. Домино. Куманово: Поткозјачки средби.
  • 2000. Меѓусвет. Скопје: Три.
  • 2003. Слеп агол. Скопје: Култура.
  • 2008. Тенок мраз. Скопје: Макавеј.
  • 2010. Голо око. (македонски, англиски, француски, италијански, португалски, хрватски). Скопје: Поетики.
  • 2013. Кога ни гореше под нозете (македонски и руски). Скопје: Поетики.
  • 2014. Хаику елегии (македонски и англиски). Скопје: Поетики.
  • 2019. Mои страсти, мои страданија. Скопје: ИЦ ТРИ.

Избори од поезијата[уреди | уреди извор]

  • 1989. Дива мисла. Скопје: Мисла.
  • 1998. Предигра. Скопје: Детска радост.
  • 2008. Ерато. Битола: Микена.
  • 2012. Жедби: престапни песни. [Електронски извор: оптички диск (DVD)]. Скопје: ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.
  • 2015. Златен пресек. Скопје: Матица Македонска. – 157 стр. – Поговор: Поетските епифании на Катица Ќулавкова / Владимир Мартиновски: стр. 137-152. – ISBN 978-608-10-0447-2


Поетска драма[уреди | уреди извор]

  • 1997. Изгон на злото. Скопје: Култура.


Избори од поезијата и поетски книги преведени на други јазици[уреди | уреди извор]

  • 1986. Неуралгична места. Вршац: Књижевна комуна.
  • 1998. Via lasciva. Saint-Nazaire: MEET.
  • 1998. Time Difference. Skopje: Zumpres. Тranslated by Ilija Casule & Thomas Shapcott.
  • 2002. Explusion du mal. Trois Rivières: Ecrits des Forges. Traduit par H. Wybrands.
  • 2003. Dorinte, Poezii eretice. Bucaresti: Editura academiei internationale Orient-Occident. Traduction Dumitru M. Ion.
  • 2004. Междинен свят. София & Skopje: Mакавеј. Превод Димитар Христов.
  • 2008. Burning Fire. Haiku. - Skopje: Blesok. English translation by Marija & Matthew Jones.
  • 2011. Еrato. Translated by Zoran Ančevski et al. - Skopje: National and University Library.
  • 2011. Erased Spaces / Бришан простор. Translated by Bela Gligorova; Skopje: Cultural Institution Blesok. Edition Eva Tas.
  • 2011.  Soifs / Katica Kulavkova; traduit par Harita Wybdrands. Struga: [Struga Poetry Evenings]. 109 p.
  • 2013. Когда у нас горело под ногами / Катица Кюлавкова; предговор Алла Г. Шешкен; перевод с македонского на русский Ольги Панькиной. - Скопье: Poetiki, 2013. - 243 с. Diversity Collection of PEN International; vol. 7).
  • 2015. Crna mjesečina: antologijski izbor pjesama / Katica Ćulavkova; [s makedonskog prevela Maja Mastnak-Car]. Zagreb: Spectrum, makedonsko-hrvatska udruga za promicanje kulturnih vrijednosti i veza. Pogovor: Katica Ćulavkova – strast za poezijom / M. Mastnak-Car: ss. 75–78. ISBN 978-953-58786-0-5.
  • 2016. Pjesme profane, pjesme sakralne. Podgorica: D.O.O. OKF & Cetinje: CDNK. Prijevod na crnogorskom Duško Novaković. Pogovor Vladimir Martinovski.
  • 2016. Bramosia. Canti bisestili. Traduzione dal Macedone di Mariangela Biancofiore [Titolo originale: Жедби-престапни песни]. Книга поезија на италијански јазик, во превод на Марианџела Бјанкофjоре, објавена во Италија Abruzzi, БЕСА Еditrice, Salento Books. www.besaeditrice.it
  • 2016. Katica Qulafkova. Prush nën këmbë (poezi). Përktheu Lindita Ahmeti, Tirana: Albas, 140 p. ISBN 978-9928-02-792-4 (Книга поезија во превод на албански јазик, превод на Линдита Ахмети, Тирана, Албас, 2016), 140 стр.
  • 2015. Хаику елегии/Haiku Elegies: Elektronsko издание (e-book). Скопје: Фондација Македоника. http://makedonika.mk/ShareBook.aspx?id=10772


Раскази[уреди | уреди извор]

Поетски фикции, онирички фикции, dream-fictions]

  • 1989. Друго време. Онеобичнување на знаците. Скопје: Култура.
  • 2006. Autopsia. Skopje: Tri. (Превод на англиски Јасминка Марковска, Елизабета Баковска)
  • 2014. Сонот е живот. 1001 фикција. Скопје: Поетики.

Теорија, есеистика, критика[уреди | уреди извор]

  • 1984. Фигуративниот говор и македонската поезија. Скопје: Наша книга.
  • 1987. Стапка и отстапка. Скопје: Македонска книга.
  • 1989. Одлики на лириката. Скопје: Наша книга.
  • 1992. Копнеж по систем (избор). Скопје: Македонска книга.
  • 1996. Потход и исход. Скопје: Култура.
  • 1997. Камен искушител. Скопје: Мисла.
  • 1997. Тетратки. Скопје: Менора.
  • 1999. Теорија на книжевноста - увод. Скопје: Култура.
  • 2001. Поетика лирике. Београд: Народна књига.
  • 2001. Мала книжевна теорија. Скопје: Три.
  • 2004. Theory of Literature. Skopje: Slovo.
  • 2006. Херменевтика на идентитети. Скопје/Куманово: Македонска ризница.
  • 2008. Теориja на книжевноста. Второ дополнето издание. Скопје: Про-Литера.
  • 2009. Демонот на толкувањето. Скопје: МАНУ.
  • 2009. Задоволство во толкувањето. Скопје: Макавеј.
  • 2012. Македонски искушенија и други огледи. Скопје: МАНУ.
  • 2014. Balkan Code: A Scandal in Culture. E-book by Katica Kulavkova / https://bookcccl.gq/papers/library-genesis-luftsicherheits / https://bookcccl.gq/sitemap-66.xml / ePub 3837630250 2014-09-12T08:36:00+02:00 https://d3by36x8sj6cra.cloudfront.net/assets/images/book/large/9780/8203/9780820330334.jpg ===
  • 2016. Отворена поетика. Скопје: МАНУ. 409 стр. ISBN 978-608-203-165-1
  • 2017. Македонски волнени времиња (интервјуа). Скопје: ИЦ Три.
  • 2018. Балкански наративи. Скопје: ИЦ Три.
  • 2019. Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам. Скопје: МАНУ. 400 стр.
  • 2016. Отворена поетика. Скопје: МАНУ.
  • 2016.  Балкански парадокси [Електронски извор] / Катица Ќулавкова. - Скопје: Македоника - Фондација за негување на македонското културно наследство, 2016. - Начин на пристап (URL): http://www.makedonika.mk/ShareBook.aspx?id=10765

Приредeни книги (селективно)[уреди | уреди извор]

  • 1985. Манифестите во македонската книжевност. Спец. бр. Стремеж 10.
  • 1988. Трепет - избор од поезијата на Десанка Максимовиќ. Скопје: Наша книга.
  • 1996. Црни овци (антологија на светскиот расказ). Скопје: Детска радост.
  • 1998. Феминистички стратегии. Скопје: Сигмапрес.
  • 2000. Тајна одаја (антологија на македонскиот расказ на XX век). Скопје: Три.
  • 2000. Македонскиот есеј. Прилеп: Стремеж.
  • 2001. Maketa - makedonska kratka priča. Beograd: Otkrovenje.
  • 2001. Caesarean Cut (Macedonian short story). Skopje: Blesok.
  • 2001. Balkan Literatures, PEN Review, spec. issue. Skopje: Blesok.
  • 2003. Херменевтика и поетика. Скопје: Култура. 323 стр.
  • 2003. Теорија на интертекстуалноста. Скопје: Култура. 395 стр.
  • 2004. Живо дело (на Димитар Митрев). Скопје: Ѓурѓа.
  • 2005. Дијалог на интерпретации. Скопје: Ѓурѓа. (со Жан Бесиер и Филип Дарос)
  • 2006. Балканска слика на светот. Скопје: МАНУ.
  • 2007. Поимник на книжевната теорија. Скопје: МАНУ.
  • 2007. Violence & Art. Interpretations, Vol. 1. Skopje: MANU.
  • 2008. Memory & Art. Interpretations, Vol. 2. Skopje: MANU.
  • 2008. Меморија и интерпретација. Скопје: МАНУ.
  • 2008. Херменевтика на новата македонска книжевност од Георги Старделов; избор и предговор Катица Ќулавкова. Битола: Микена, 2008.
  • 2008. Мартинки од Весна Ацевска; избор и предговор Катица Ќулавкова. Битола: Микена.
  • 2008. Раѓањето на зборот од Ацо Шопов; избор и предговор Катица Ќулавкова. Битола: Микена.
  • 2008. Кодот на македонската книжевна историја, од Димитар Митрев; избор и предговор Катица Ќулавкова. Битола: Микена.
  • 2009. The Black Arab as a Figure of Memory. Interpretations, Vol. 3. Skopje: MANU.
  • 2008. The Art of Dance. Skopje: InterArt.
  • 2009. Свет во мало. Антологија на светскиот расказ. Скопје: ПроЛитера.
  • 2011. New Literary Theory and Hermeneutics. Interpretations, Vol. 4/5, with N. Avramovska. Skopje: MANU.
  • 2012. Црни овци. Антологија на светскиот расказ. Второ ревидирано издание. Скопје: Детска радост.
  • 2014. Проза. Блаже Конески; приредила Катица Ќулавкова; Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 364 стр. (Севкупни дела на Блаже Конески: критичко издание / М. Ѓурчинов; т. 4)
  • 2016. Балкански идентитет/и: прилози од научноистражувачкиот проект „Културната интеграција и стабилноста на Балканот“ [приредувачи Катица Ќулавкова, Милена Божикова]. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите; София: Българска академия на науките, 2016. XII, 243 стр.
  • 2017. Динамика на културните процеси: трансфер и памет / състав. и научни ред. М. Божикова, К. Кюлакова. София: Изд. на БАН „Проф. Марин Дринов“. 235 стр. ISBN 978-954-322-900-0. (издание од научноистражувачки проект меѓу МАНУ и БАН)
  • 2018. Методи и интерпретации на книжевната херменевтика (два тома). Скопје: МАНУ.


Превод од француски
  • 2003. Тераса во Рим (роман). Паскал Кињар; превод од француски Харита Вибрандс, Катица Ќулавкова. - Скопје: Тера Магика, 2003. - 129 стр.
  • 2004. Турмант (роман). Алина Апостолска; [превод од француски јазик и поговор Катица Ќулавкова]. Скопје: Ѓурѓа.


Препев/редакција на превод на поезија[уреди | уреди извор]

  • 2010. Мозаик, том 1. Избор од современата турска поезија на Ајсу Ерден и Ајтен Мутлу. Скопје: Поетики. приредиле Ајсу Ерден и Ајтен Мутлу; превод од турски на македонски Илхами Емин и Марија Леонтиќ; редакција на преводот К. Ќулавкова = Mozaik 1: çağdaş Türk Şiirleri / editörler Aysu Erden ve Ayten Mutlu; Türkçe’den Makedonça’ya çeviki Ilhami Emin ve Marija Leontić; gözden geçirilmiştir K. Kulavkova. - [Скопје]: Poetiki = Poetiki, [2010].
  • 2010.  Прирачник за заведување принцези. Хосе Мариа Пас Гаго. превод на македонски Наде Поп Гаврилова и Фросина Стојковска; редакција на преводот Катица Ќулавкова] = Mannuel pour séduire des princesses / José María Paz Gago; [traduction française de Sonia Elvireanu; traduction macédonienne de Nade Pop Gavrilova et Frosina Stojkovska; relecture de la traduction Katica Kulavkova]. Skopje: Po­etiki.
  • 2011. Книга на времето: современа ароманска поезија. Cartea a chirolui: puezii armãneascã contemporanã. Аpriduseri Liljana Nikolova Petrović, Catitsa Culavcova, Dimo N. Dimčev. Skopje: Poetiki.
  • 2013.  Во време на суша. Ричард Беренгартен (поезија). Превод од англиски Лидија Николова; препев и редакција на преводот Катица Ќулавкова. Скопје: Поетики.

Награди[уреди | уреди извор]

Катица Ќулавкова е добитник е на наградите:

  • Награда „11 Октомври“ за култура и уметност во 2014 година [2]
  • „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов “ (2004, за поетска книга „Слеп агол“), „Димитар Митрев“, „Нарциса“ (1993, за книгата Домино), „Велја Кутија“ (2000, за Теорија на книжевноста)„ „Книжевно жезло“ (2009), „Млад борец“, „Студентски збор“. Добитник е на наградата „Тудор Аргези“ на Асоцијацијата на писатели на Романија за 2016 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]