Ѓорѓи Абаџиев
Ѓорѓи Абаџиев | |
---|---|
![]() Ѓорѓи Абаџиев во 1940 година | |
Роден/а | 7 октомври 1910 Дојран, Македонија |
Починат/а | 2 август 1963 Скопје, Македонија | (возр. 52)
Занимање | Писател |
Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963) — македонски раскажувач, романописец, историограф, публицист и сценарист.
Животопис[уреди | уреди извор]
Со своето семејство најпрво емигрирал во Грција (1918 година), а оттаму во 1921 година, во Плевен, Бугарија. Уште како дете со неговите родители се преселил во Горна Џумаја (Благоевград) и таму живее во периодот од 1924 до 1931 година. Таму завршил основно образование и гимназија. Токму во тој период ја печати својата прва стихозбирка „Печални песни на душата“ (1929-1930). Во септември 1932 се сели во Софија каде студирал на Правниот факултет, каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Дипломирал на Правниот факултет во 1937 година.[1]
Ѓорѓи, заедно со Пелин Велков и Ангел Јорданов, во 1936 година, ја објавиле книгата раскази и уметнички репортажи „Труд и луѓе“. Тој бил уредник и соработник на повеќе весници и списанија: „Македонски вести“, „Доброволец“, „Глобус“, „Ведрино“, „Кормило“ и „Литературен Критик“.[1]
Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.[2]
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.[3]
Творештво[уреди | уреди извор]
Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во неговите дела. Автор е на книгите:
- „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936)
- „Изгрев“ (раскази, 1950)
- „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951)
- „Последна средба“ (раскази, 1953)
- „Арамиско гнездо“ (роман, 1954)
- „Пустина“ (роман, 1961)
- „Балканските војни и Македонија“ (монографија, 1972) [1]
Во 1972 г. е објавен избор од неговото творештво во четири тома. (македонски)
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Биографија на Ѓорѓи Абаџиев — „Македониум“
- Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана)
- Ѓорѓи Абаџиев- биографија
- Стилот на Ѓорги Абаџиев - осврт од Марија Хаџи-Стојанова
- ЃОРГИ АБАЏИЕВ - ЖИВОТ И ДЕЛО (90 години од раѓањето)
- Пустина - Дигитална верзија
- „Доцна есен“ -Ѓорѓи Абаџиев - Анализа на текст
- Ѓорѓи Абаџиев
|