Прејди на содржината

Блаже Миневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блаже Миневски
Роден(а)1961
Гевгелија
НационалностМакедонец
ЗанимањеНовинар
Страница
www.denesen.mk

Блаже Миневски (роден 1961 год. во Гевгелија) — македонски раскажувач, романописец и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.[1] Моментално пишува за весникот „Денешен“.

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]

Миневски е автор на следниве прозни дела:

  • „Солзи во очите на тате“ (раскази, 1984)
  • „Ниски вежби“ (раскази, 1988)
  • „Црниот пердув“ (роман, 1990)
  • „Заседи за белиот сон“ (раскази, 1992)
  • „Ледно око“ (раскази, 1996)
  • „Балкан за деца“ (роман, 1996)
  • „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (роман, 1998)
  • „Сезона на глуварките“ (раскази, 2001)
  • „Приказна за третиот“ (роман, 2003)
  • „Нишан“ (роман, 2007)
  • „Црна лисица“ (роман, 2012)
  • „Ако се родат некакви чувства“ (роман, 2023)
  • „Опаш во уста“ (раскази, 2025)[2]

Миневски е автор и на драмите:

  • „Крик“, изведена во 1991 година
  • „Лулка“, изведена во 1992 година
  • „Женски прилог за ноќта“, изведена во 1993 година
  • „Подготовки за добра смрт“, изведена во 1994 година
  • „Немушт јазик“, изведена во 2000 година.

Сите драми на Блаже Миневски се објавени во книгата со наслов „Бивши луѓе“ (2000).

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Миневски е добитник на високи новинарски признанија:

Добитник е и на следниве книжевни награди:

Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик.

Врз основа на податоците од регистрираните позајмувања на книги во 26 јавни библиотеки во Македонија, Миневски бил најчитан писател во 2013 година.[5]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 159.
  2. Миневски, Блаже (2025). Опаш во устата: избор раскази. Б-ка Дамар. 88. Скопје: Антолог. ISBN 978-608-243-802-3.
  3. „БЛАЖЕ МИНЕВСКИ: Без култура не може да има нација, а без книжевност не може да има култура“. Denesen.mk. Посетено на 2025-10-10.
  4. „„Ако се родат некакви чувства" од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов" на ДПМ“. А1 он. 16.09.2024. Посетено на 11 февруари 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  5. "Блаже Миневски е најчитан автор во библиотеките", Дневник, година XVIII, број 5449, петок, 25 април 2014, стр. 26.