Арсениј Солунски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Арсениј Солунски (14 век) ― културен и книжевен деец од Солун.[1][2]

Работел како ѓакон во Солун, а по навлегувањето на Турците во Македонија, заминал за Палестина. Таму останал седумнаесет години. Автор е на еден патопис, во којшто го опишува неговото патување низ Палестина. Делото е зачувано тринаесет преписи што настанале во периодот помеѓу 16 и 17 век. Најстариот од нив е напишан на традиционален црковнословенски јазик, со јусов правопис, а според јазичните особини се смета дека авторот бил од македонско потекло.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 45. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 28. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)