Санде Стојчевски
Санде Стојчевски (роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, Кумановско) — македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1] Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ - Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ - Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ - Велес. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ - Прилеп и „Акт“ - Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Книжевно творештво[уреди | уреди извор]
- Кралот на лебедите (поезија, 1972),
- Фенери низ маглата (поезија, 1977),
- Златна гранка (поезија, 1980),
- Возбудата на јадрото (есеи и критики, 1982),
- Вечерна (поезија, 1985),
- Абор гора (поезија, 1987),
- Големата побуда (есеи и критики, 1988),
- Лов на блесок (поезија, 1990),
- Залив пред јасното (поезија, 1990),
- Есен во вселената (поезија, 1991),
- Радоста од читањето (есеи и критики, 1991),
- Ни ден без габи (книга за природата и ведрината, 1991),
- Кубоа (поезија, 1993),
- Кралицата од корицата (поезија, 1994),
- Пофалба на разговорот (есеи и разговори, 1994),
- Страв од тишината (есеи и критики, 1995),
- Скалд (поезија, 1995),
- Врв (поезија, 1996),
- Совршенство или совршенство (поетички есеи, 1997),
- (З)аум (поема, 1999),
- Великата лирска песна (есеи, 1999)
- Трмка (поезија, 2001)
- Опсада на загатката (есеи и критики, 2002)
- Сипкава преѓа е свет (поезија, 2003)
- Патот до песната (есеи и разговори, 2006)
- За восхитот и за пораката (теорија на книжевноста и полемика, 2007)
- Доречувања (есеи, 2008)
- Узда од ѕвезда (поезија, 2009)
Коавтор е на петтомната едиција Македонска книжевност во книжевната критика (1973). Главен уредник на редакцијата на проектот 130 тома македонска книжевност (2008) Главен уредник на редакцијата на проектот Нобеловци (2008-2009)
Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „Григор Прличев“, „Браќа Миладиновци“ и „Димитар Митрев“.
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 248 - 249.