Славчо Ковилоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог, научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје[1].

Славчо Ковилоски (2016)

Биографија и творештво[уреди | уреди извор]

Со свои дела е застапен во повеќе списанија во Македонија и во странство, како и во повеќе антологиски избори на поезија и проза. Има преведувано дела од хрватски, бугарски и српски јазик на македонски јазик.Делови од неговото творештво, како и романите „Опасен сум“ и „Синот на Кралот“ и збирката „Лоша тетка и други раскази“ се преведени на неколку европски јазици. Објавувал прилози на страниците на дневните весници Нова Македонија и Време. Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.

Член е на Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Во 2009 го­ди­на бил уредник на изда­вач­ка­та прог­ра­ма на Аге­н­ци­­јата за иселеништво на Ре­публика Македонија. Во 2017 година бил уредник во издавачката дејност за историски изданија на изда­вач­ката куќа Ма­гор. Бил прет­се­да­тел на уре­ду­­вачкиот одбор на зборникот XXI век: Балканскиот пи­­са­тел (2015) и еден од уредниците на зборникот Ма­кедонско-сло­­вач­ки книжевни, кул­тур­­ни и јазични врски (2016).[2]

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: награда за наука „3 Ноември“, „Григор Прличев“ за поема, „Прозни мајстори“[3] и „Јован Котески“[4].

Во 2018 година ја добил најголемата државна награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“.[5]

Активности[уреди | уреди извор]

Активно учествува во промовирање на македонската урбаната култура во Македонија и во странство, со предавања на Фи­ло­зоф­скиот фа­култет во Скоп­је, во MC Gallery во Њујорк, Загреб, Нитра (Словачка), Белград, Софија, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Институтот за македонска литература, на ма­ни­фес­та­ци­ја­та „Битола от­ворен град“ во Битола, во Кул­тур­ни­­от центар „Точ­ка“, во Ame­rican Cor­ner во Скопје, во скоп­ските гим­­назии „Јо­­­сип Броз“ и „Ор­це Ни­ко­лов“ и на дру­ги културни ма­ни­фес­та­ции и ус­та­но­­­ви.

Еден од основачите на организацијата Хип Хоп Македонија.

Од академската 2018/19 година на ИМЛ ги воведува и предава предметите: Субкултура и Македонски културни икони.

Коавтор е на книгите „Аспекти на македонската урбана култура – Хип Хоп Македонија“, „Хип-хоп книга“ и „Хип хоп речник“, кои се однесуваат на македонската урбана култура и македонскиот хип-хоп.

Како член на музичката група Клан Исток има објавено 3 албуми.[6][7]

Творештво[уреди | уреди извор]

Белетристика:[8]

  • Сонцето повторно ќе изгрее, Студентски збор, Скопје, 2000 (поезија)
  • Поезија во движење, Современост, Скопје, 2005 (поезија)
  • Опасен сум, Темплум, Скопје, 2007 (роман)
  • Крале Марко или Синот на Волкашин (монодрама); На Ножот (монодрама), 2010
  • Сонување, Макавеј, Скопје, 2011 (роман)
  • Синот на Кралот, Современост, 2011 (роман)
  • Лоша тетка и други раскази, Македонија презент, Скопје, 2013, (раскази)
  • Барутна поезија, Бран, Струга, 2015 (поезија)
  • Крале Марко по вторпат, НУ Центар за култура "Григор Прличев", Охрид, 2018 (поема)

Научни дела:

Ковилоски е автор на повеќе научни дела од областа на книжевноста, историјата и културологијата, меѓу кои: Македонското женско творештво во XIX век, Прилеп и Прилепско во XIX век (културно историски процеси), Деспот Баџовиќ, не­поз­на­ти страници за еден Ма­ке­до­нец, При­леп­чани - XIX век, енциклопедиски име­­ник, Македонија, крат­ка ен­циклопедија рево­лу­цио­не­ри, Македонија и Балкан­ски­те војни и други.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]