Институт за македонска литература

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Институт за македонска литература — јавна научна установа која остварува научноистражувачка дејност и високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус, во областа на историјата и теоријата на македонската литература и култура, современите книжевни и културни процеси и нивните врски и влијанија со другите литератури и култури.

За Институтот[уреди | уреди извор]

Основач на Институтот е Владата на Република Македонија. Денес, Институтот својата дејност ја остварува како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во своето работење, следејќи ги националните интереси и современите достигнувања на полето на науката за книжевноста, Институтот помина низ повеќе развојни периоди, кои се поврзани со напредувањето на кадровскиот потенцијал, со реализацијата на современи студиски програми за магистерски и докторски студии во областа на културолошките студии и македонската книжевност, со развојот на издавачката дејност, како и со организирањето значајни научни собири и воспоставувањето меѓународна соработка со сродни научни и високообразовни центри во регионот и пошироко. Институтот за македонска литература е формиран со цел да се овозможи планско, долгорочно и систематско проучување, следење и толкување на литературното творештво и наследство во Македонија и подготовка на млади кадри за научна работа. Институтот ги издава следните меѓународни научни списанија: Спектар, Контекст и Филолошки студии.

Историја[уреди | уреди извор]

Потребата од проучување на македонската литература на организиран и институционален начин ја роди идејата за формирање Институт за македонска литература.Институтот за македонска литература е формиран пред 30 години како научна единица во рамките на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје. На првиот референдум, одржан на 23 април 1980 година, вработените на Филолошкиот факултет се изјаснуваат да се формира Институт за литература како научна единица на Факултетот, без својство на правно лице. На референдумот одржан на 14 јануари 1981 година е донесена одлука за усвојување на Анекс кон Статутот на Филолошки факултет во Скопје со што се определува организацијата и дејноста на единицата. Институтот за македонска литература во Скопје е основан како јавна научна установа со Одлука на Владата на Република Македонија од 1998 година. Осамостојување е резултат на постигнувањата на Институтот како организациона единица на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје и пред сè на исполнетите услови за оформување кадровска структура. Со првата Програма за работа на Институтот се дефинираат неговите развојни перспективи како самостојна научна установа од јавен интерес. Јавен интерес во научноистражувачката дејност на Институтот претставуваат научните истражувања на историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ и припадниците на заедниците, кои живеат во Република Македонија. Со Одлука на Универзитетскиот сенат од 25 февруари 1999 година, Институтот е членка на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Ден на Институтот[уреди | уреди извор]

Согласно Статутот на Институтот за македонска литература – Скопје, почнувајќи од 2011 година, 14 јануари се одбележува како Ден на Институтот. На овој ден пред 30-тина години (1981), Институтот е основан како научна единица при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

По повод овој ден се одржуваат пригодни свечености.

Библиотека[уреди | уреди извор]

Библиотеката на Институтот за македонска литература - Скопје обезбедува користење на библиотечниот материјал и информациска подршка на научните истражувачи и студентите од Институтот, како и од сродните научни и високообразовни установи во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Библиотечниот фонд содржи дела од полето на науката за книжевноста, но и дела од блиски и сродни научни полиња (наука за јазикот, драмска уметност, етнологија, филозофија, историски науки и сл.), периодични публикации, докторски дисертации, магистерски трудови, трудови од научноистражувачки проекти, зборници од научни собири и друг вид библиотечен материјал (архивска граѓа, стари ракописи, факсимили и сл.)

Одделенија[уреди | уреди извор]

Средновековна македонска литература
Македонска народна литература
Македонска литература во XIX век
Македонска литература во XX век
Македонско-балкански книжевно-историски врски
Литературите на припадниците на заедниците во Македонија
Теорија на литературата и компаративна книжевност

Соработка во земјата[уреди | уреди извор]

Институтот за македонска литература во Скопје остварува соработка со следниве сродни институции:

  • Македонска академија на науките и уметностите
  • Државен архив на Република Македонија
  • Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" -Скопје
  • Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и вискообразовните и научните установи во неговиот состав:
  • Филолошки факултет "Блаже Конески"-Скопје
  • Филозофски факултет – Скопје
  • Факултет за драмски уметности - Скопје
  • Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков" – Скопје
  • Институт за фолклор "Марко Цепенков" – Скопје
  • Институт за национална историја
  • Институт за старословенска култура
  • Друштво на писателите на Македонија
  • Педагошкиот факултет и Центарот за научно истражување при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово
  • Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности - Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк
  • Кинотека на Македонија

Меѓународна соработка[уреди | уреди извор]

Во Република Србија со:

  • Филолошкиот факултет во Белград (2001);
  • Институтот за уметност и книжевност во Белград (2001);
  • Филозофскиот факултет во Нови Сад (2002);
  • Филозофскиот факултет во Ниш (2003);
  • Институтот за српска култура во Лепосавиќ (2005)

Во Република Хрватска со:

  • Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека (2001 - Договор меѓу Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Универзитетот во Риека).
  • Одделот за културологија при Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек (2013)

Во Република Бугарија со:

  • Филолошкиот факултет при Југозападниот универзитет "Неофит Рилски" во Благоевград(2005)
  • Институтот за уметнички студии при Бугарската академија на науките (2014)

Во Руската федерација со:

  • Руската академија за театарска уметност ГИТИС во Москва (2005)
  • Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет во Перм (2005) и (2006) за реализација на меѓународниот проект "Филолошки студии"
  • Институтот за славистика при Руската академија на науките во Москва (2005)
  • Факултетот за современи странски јазици и литератури при Пермскиот државен универзитет во Перм (2006)

Во Словенија со:

  • Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (2006) за реализација на меѓународниот проект "Филолошки студии

Во Словачка со:

  • Филозофскиот факултет во Нитра (2008 - Договор меѓу Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Универзитетот "Константин Филозоф" во Нитра).

Во Унгарија со:

  • Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Еотвос Лоранд“ во Будимпешта(2012)

Во Црна Гора со:

  • Институтот за црногорски јазик и книжевност во Подгорица (2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]