Прејди на содржината

Мирче Ацев (ансамбл)

Од Википедија — слободната енциклопедија
АКУД „Мирче Ацев“
Официјално лого.
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиМакедонска народна музика
Македонски ора
Период на активност1949 – денес
ИздавачиМакедонска радио-телевизија
ПГП-РТБ
Југотон
Мреж. местокон Facebook

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е формирано во текот на 1949 година, со одлука на Универзитетскиот одбор на Студентската младина на Македонија. Активностите на Друштвото започнале да се одвиваат преку Академскиот хор, Фолклорниот ансамбл, Академската сцена, Народниот и Изворниот оркестар, како и преку Детското фолкорно студио. Своите уметнички достигнувања ги презентира во нашата земја и во странство, постигнувајќи значајни успеси во афирмирањето на македонското културно творештво.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Фолклорниот ансамбл негува народни песни и ора од Македонија. Богатата ризница на народното творештво, создавана со векови на македонското поднебје, ја афирмира со учество на многу фестивали во Европа и во светот, добивајќи врвни признанија. Хорскиот ансамбл освоил повеќе први места на меѓународни фестивали, меѓу кои, во Ланголен и Мидлсброу, Англија. Академската сцена, со својата професионалност, ги победува и државните театри на некои фестивали на кои учествува, а видни резултати постигнува и Детското фолклорно студио.

Во досегашниот период, Друштвото успешно има настапувано во повеќе земји: Бугарија, Грција, Романија, Италија, Австрија, Чешка, Полска, Германија, Франција, Англија, Ирска, Турција, Шведска, Шпанија, САД и Австралија. За постигнатите успеси, АКУД „Мирче Ацев“ е добитник на Орден со сребрени зраци, доделен од Претседателот на бившата југословенска држава.

Друштвото е и организатор на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, кој традиционално се одржува повеќе од дваесет години, со учество на многу ансамбли од универзитетските центри во светот.

Во досегашното, над 70-годишно постоење, членувале над 7.000 членови, изведени се повеќе од 5.000 концерти, а настапите ги следела публика од над 5.000.000 луѓе.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]