Прејди на содржината

Архитектонски факултет - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архитектонски факултет
Поглед на зградата на факултетот
Видјавен
Основан1949 година
Матична установа
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ДеканОгнен Марина
МестоСкопје, Македонија
Јазикмакедонски
www.arh.ukim.edu.mk [1]

Архитектонски факултет - Скопје - факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Од 1976 е самостојна институција, со единствена студиска програма во траење од девет, односно десет семестри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во текот на своето 65 годишно постоење факултетот помина низ неколку значајни развојни фази. Првите студии по архитектура беа организирани во 1949 година во рамките на новооснованиот Технички факултет со два оддела: архитектонски и градежен. Подоцна, во 1955 година, во рамките на Техничкиот факултет, формиран е Архитектонско-градежниот факултет со два оддели – архитектонски и градежен.

Студиски програми

[уреди | уреди извор]

Од учебната 2007/2008 година Архитектонскиот факултет работи според нова студиска програма на единствени петгодишни студии (студии од прв и втор циклус), студии по архитектура согласно Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). По завршена трета година програмата овозможува излез преку интермедијарен испит со диплома која носи стручно звање Инженер архитект (Bachelor of Architecture). По завршениот десетти семестар и одбраната на магистерски труд, студиската програма овозможува излез со диплома која носи звање Магистер инженер архитект (Master of Architecture). Оваа диплома, согласно Законот за градење, води кон професијата архитект односно овозможува добивање на овластување од Комората на архитекти и други инженери во изградбата.

Академски и професионални степени

[уреди | уреди извор]

Утврдувањето на генерички и професионално ориентирани компетенции кои треба да се стекнат од студентите е според одредените академски и професионални степени. Компетенциите се поделени според различни степени на образование, и тоа:

1) Академски и професионални степен - Магистер инженер архитект (Master of Architecture), е конечната вокација која се добива по успешното посетување и завршување на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура. Оваа последна вокација обезбедува пристап до професијата архитект, што значи дека се здобива со правото запроектирање - раководење со изготвување на архитектонски проекти и проектна документација.

2) Интермедијарна вокација - По завршена трета година програмата наинтегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектураовозможува излез преку интермедијарен испит со диплома која носи стручно звање Инженер архитект (Bachelor of Architecture). Овој степен не дозволува пристап до професијата архитект, но дозволува учество во подготовка на проектната и планската документација.

Институти

[уреди | уреди извор]

Во склоп на Архитектонскиот факултет постојат следниве институти:

  • Институт за архитектонско проектирање
  • Институт за урбанизам
  • Институт за високоградба
  • Институт за заштита на градителско наследство, историја на архитектурата и уметност
  • Институт за графички комуникации

Летна школа по архитектура

[уреди | уреди извор]

Mеѓународната летна школа за архитектура при Архитектонскиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е основана во 1992 година. Активноста на Меѓународната летната школа за архитектура и наставата на Архитектонскиот факултет претставуваат единствена целина во процесот на архитектонското образование на студентите. Основна дејност на Меѓународната летна школа е истражување на архитектонското минато на Македонија како и негова современа интерпретација. Темите за работа на Меѓународната летна школа се земаат од локалниот контекст како начин на непосредно учење од архитектонското наследство.

Во работата на Школата можат да учествуваат студенти и наставници од други факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од други универзитети надвор од Македонија како и институции и личности познати во јавниот и културниот живот на Македонија. Од основањето до денес Летната школа се одржува во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“Крива Паланка во текот на месец јуни или јули.