Прејди на содржината

Награда „Гоце Делчев“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Со наградата Гоце Делчев се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија. Наградата се доделува за научно остварување објавено во претходната година. Наградата под услови определени со Закон за државните награди (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2006) се доделува на поединци или на група творци од земјата или од странство.

Конкурирање и доделување[уреди | уреди извор]

Право на конкурирање имаат дела што се објавени, рецензирани и каталогизирани. За датум на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата. Поединец или група творци може да биде добитник на награда за остварување во истата област само еднаш. Член од група творци може како поединец да биде добитник на наградата за друго остварување и во истата област.

Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија и граѓани.[1]

За првпат, наградата е доделана во 1949 година, а прв добитник бил Блаже Конески. Вториот добитник на наградата бил Драган Ташковски. Доделувањето на наградата мирувало до 1978 година, кога била возобновена и оттогаш постојано се доделува на еден, двајца или тројца научни работници (или колектив).[2]

Добитници[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Конкурс за доделување на наградата "Гоце Делчев" во 2016 година“. www.mon.gov.mk. Посетено на 2018-10-20.[мртва врска]
  2. Колектив (1999). Книга на факти. Скопје: Детска радост. стр. 198–199. ISBN 99-89-30-516-1.
  3. Колектив (1999). Книга на факти. Скопје: Детска радост. стр. 198. ISBN 9989-30-516-1.
  4. Колектив (1999). Книга на факти. Скопје: Детска радост. стр. 199. ISBN 9989-30-516-1.
  5. „Награда Гоце Делчев за 2009“.
  6. „награда Гоце Делчев за 2010“.[мртва врска]
  7. „Одлука за доделување на наградата „Гоце Делчев" за особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката“ (PDF). 23 април 2012. Посетено на 20 март 2021.
  8. „Награда Гоце Делчев за 2013“.[мртва врска]
  9. „Награда Гоце Делчев за 2014“.
  10. „Награда Гоце Делчев за 2015“.
  11. „Објавени добитниците на државната награда „Гоце Делчев" за наука“. Архивирано од изворникот на 2019-01-29.
  12. „Награда Гоце Делчев за 2017“.
  13. „https://sdk.mk/index.php/makedonija/za-pandemijata-barame-spas-vo-naukata-a-drzhavnata-nagrada-za-nauchnitsi-gotse-delchev-ne-se-dodeli-ni-godinava-reagira-akademik-vlado-kambovski/“. СДК. 04.05.2020. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |title= (help)
  14. „ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ЗА 2021 ГОДИНА, ЗА ОСОБЕНО ЗНАЧАЈНИ ОСТВАРУВАЊА ОД ИНТЕРЕС ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЛАСТА НА НАУКАТА“. De Iure. 06.05.2021. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  15. „Проф. д-р Мишо Докмановиќ е добитник на државната награда „Гоце Делчев". fakulteti.mk. 04.05.2022. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. „ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ". sobranie.mk. 04.05.2023. Посетено на 10 ноември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)