Стјепан Антољак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стјепан Антољак
Лични податоци
Роден(а) 29 август 1909
Добој
Починал(а) 14 мај 1997
Загреб
Националност Хрват
Установа Филозофски факултет во Загреб

Стјепан Антољак (Добој, 29 август 1909 - Загреб, 14 мај 1997 ) — хрватски научник, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 1979 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Стјепан Антољак завршил историја на Филозофскиот факултет во Загреб во 1933 година и докторирал во 1935 година. На истиот факултет бил асистент од 1934 до 1941 година и доцент од 1941 до 1946 година на Катедрата за национална историја. Од 1946 до 1952 година бил директор на Државниот архив во Задар, а од 1953 до 1956 година бил научен соработник на Државниот архив во Риека. Од 1956 до 1969 година бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (од 1965 до 1975 година хонорарно), во Приштина од 1963 до 1969 година и во Задар од 1969 до 1979 година. Од 1967 до 1971 година бил раководител на Одделението за античка и средновековна историја на Институтот за национална историја во Скопје. Во 1979 година станал член на МАНУ надвор од работниот состав. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал историја на народите на Југославија (среден век) и Помошни историски науки. Дал голем придонес во проучувањето на македонското средновековје (Склавините, богомилството и др.). Посебно внимание посветил на проучувањето на македонската средновековна држава (969–1018) и придонел за расветлување на повеќе прашања во врска со нејзиното создавање и егзистирање. Автор е на голем број монографии, научни и стручни трудови.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

  • Избор за историјата на ФНРЈ за среден век (Скопје, 1962)
  • Помошни историски науки (Скопје, 1966).
  • Самуиловата држава (Скопје, Институт за национална историја, 1969)
  • Pregled hrvatske poviesti (1942., 1944., prošireno izdanje 1994. u suradnji s drugim autorima)
  • Bune pučana i seljaka u Hrvatskoj (1956)
  • »Pacta« ili »Concordia« od 1102 godine (1980)
  • Средновековна Македонија, Том први (1985)
  • Hrvatska historiografija do 1918 I—II (1992)
  • Hrvati u prošlosti. Izabrani radovi (1992)
  • Renesansa hrvatske historiografije: dosadašnje, sadašnje i buduće zadaće (1996)
  • Hrvatska historiografija (2004)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 71. ISBN 978-608-203-023-4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]