Воислав Вузевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Воислав Вузевски
Роден 17 април 1932
Кладово, Србија
Починал 6 септември 1999
Ротердам, Холандија
Националност Македонец
Занимање патолог, универзитетски професор, академик

Воислав Вузевски (Кладово, 17 април 1932 - (Ротердам, 6 септември 1999) – лекар, патолог, професор, на универзитетот Еразмус во Ротердам (Холандија), член на МАНУ надвор од работниот состав (26 јуни 1997) [1] и на САНУ (23 октомври 1997).[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Вузевски дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1969 година, каде што и го положил специјалистичкиот испит по патологија во 1976 година. Стручно се усовршувал во Питсбург (САД) во примената на електронската микроскопија во клиничката и експерименталната патологија (1966-1967). Во 1976 година ја одбранил докторската дисертација „Ulstrastructural Basis of Acute Renal Allograft Rejection“во Ротердам. Од 1969 година бил вработен на Институтот за клиничка патологија на Еразмус универзитетот во Ротердам, во 1980 година избран за професор. На Универзитетот го раководел Одделот за дијагностичка електронска микроскопија. Во 1990 гдома бил избран за професор на Медицинскиот факултет во Белград. Научната активност на Вузевски го опфаќала полето на примената на електронската микроскопија во клиничката медицина. Потесната област на истражувањата му била сврзана со проучувањето на хистогенетското потекло на туморите, на нивното биолошко однесување: диференцијацијата на туморските клетки, композиција на цитоскелетонот и на меѓуклеточниот матрикс, адхезионите клеточни молекули и нивната улога во однос на инвазивните метастатски склоности на туморите. Тој ја истражувал и ултраструктурната основа на акутното отфрлање на трансплантираниот бубрег, како и на хистолошките промени кај дерматовенеролошките болести. Како резултат на неговите истражувања се објавени седум монографии и над 270 научни и стручни трудови публикувани во реномирани списанија на англиски, холандски, српски и македонски јазик.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Ultastructural Basis of Acute Renal Allograft Rejection, Delft, 1976;
  • Diagnostic Histopatology Kulit, Jakarta, 1988;
  • Osnovi eksperimentalne i kliničke transplantacije, Beograd, 1989;
  • коавтор: Macro and Micromorphology of Premalignant and Malignant Skin Conditions, Bll GMBH Alkmar, Holandija, 1982;
  • Tatoeage Glaxo B. V., 1988;
  • Diagnostic Histopathology of the Skin, Rotterdam, 1991;
  • Histološki atlas, Beograd, 1995.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 321. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Војислав Вузевски на семрежното место на САНУ