Илија Чашуле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илија Чашуле

Илија Чашуле — роден на 24 јули 1957 година во Скопје. Факултетското образование, магистратурата и докторатот ги завршува во родниот град, на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години. Во 1987 година заминува во Австралија каде 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот "Маквори" во Сиднеј. Од 2000 година е професор на Катедрата по лингвистика каде предава теорија на јазик, историска лингвистика и теорија на превод, и методологија на научна работа во областа на преводот и историја на индоевропските јазици. Автор е на 10 книги и на повеќе од 100 статии објавени во најистакнати европски и светски научни списанија (во Journal of Indo-European Studies (JIES) (4 статии) единствено специјализирано индоевропеистичко списание на англиски јазик кое целиот број од 2012 година и го посвети на неговата теорија за индоевропското потекло на јазикот изолат бурушаски; во Acta Orientalia орган на ориенталните академии на Шведска, Норвешка, Финска и Данска (4 статии), Central Asiatic Journal (Otto Harrasowitz) 4 научни статии, Balkanistica, Journal of the Socioloigy of Language (editor Joshua Fishman), Јужнословенски филолог, Himalayan Linguistics итн.

Докторирал 1986 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема “Глаголската именка во Македонскиот литературен јазик“, под менторство на академик Блаже Конески. На Филолошкиот факултет во Скопје работи од 1979 до 1986 година, предавајќи општа лингвистика на Катедрата за македонски јазик.

Во 1979 година е лектор по македонски јазик на Државниот универзитет во Москва (МГУ), во 1982 предава македонски јазик на Универзитетот во Лунд, Шведска, а со предавања гостува и во Упсала, Шведска, Хале, Хамбург и Марбург Германија, Москва на МГУ. Во центарот на научниот интерес на проф.д-р Илија Чашуле секогаш се наоѓа македонскиот јазик, неговото минато и неговата сегашност.

Уште првите научни трудови докажуваат дека тој е оригинален, креативен јазичар, целосно посветен на својата струка. Неговите македонистички студии секогаш носат нова документација и нова интерпретација на специфичните аспекти на македонскиот морфосинтаксички систем и влегуваат во задолжителна предметна литература на секој македонист.

Во австралиската средина д-р Чашуле се посвети поинтензивно на теоријата и секојдневната практика на наставата, а резултат на таа посветеност беше прв сериозен, меѓународно признат прирачник по Македонски јазик за англофони, “Let’s learn Macedonian“ во 1990 година.

Во неговиот австралиски период, покрај секогаш присутната македонистичка проблематика, во фокусот на научните интереси се најде и еден друг јазик - бурушаскиот, јазик зборуван од околу 90.000 луѓе во Каракорум, во северозападен Пакистан и Авганистан, односно Бурушите (Хунзите) кои водат потекло од Бригите (Phrygians).. Д-р Чашуле повеќе од две децении објавува бурушаски етимологии со кои ja документира својата хипотеза дека бурушаскиот е индоевропски јазик.

Во бурушаските студии на Чашуле присутна е и една македонска нишка. Имено, според неговата хипотеза, Бурушите се потомци на Фригите кои некогаш живееле на денешна македонска територија и зборувале еден од палео-балканските индоевропски јазици - фригискиот. Бурушаскиот јазик беше енигма. Многу научници, јазичари се обиделе да го одгатнат. Илија Чашуле го најде клучот за мистеријата. Голем настан за балканистиката - сродноста на бурушаскиот и бригискиот јазик кој се зборувал во стариот век во Македонија и во Мала Азија. Оттука во современиот македонски јазик можат да се најдат голем број поединечни лексеми кои потекнуваат од фригискиот супстрат. Тој е многу посветен на народот што живее во Пакистан.

Д-р Илија Чашуле наоѓа време и за убавата литература, и тоа како оригинален творец и како преведувач - објави две поетски збирки и голем број преводи од шпански и англиски на македонски и од овие јазици на и од македонски. Пројавил и значајна општествена активност во животот на македонската заедница во Австралија, посебно во укинувањето на додавката Slavic при именувањето на македонскиот јазик во австралиската држава Викторија. Автор е на 10 книги и на повеќе од 100 обемни статии објавени во истакнати европски и светски научни списанија.

Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука во 2012 година.

Тој е многу посветен на народот што живее во Пакистан и Авганистан, а што води потекло од бригискиот (па и старомакедонскиот јазик на Александар Македонски), односно Бурушите (Хунзите).

Бурушаскиот јазик беше енигма. Многу научници, јазичари се обиделе да го одгатнат. Илија Чашуле го најде клучот за мистеријата. Голем настан за балканистиката - сродноста на бурушаскиот и бригискиот јазик кој се зборувал во стариот век во Македонија и во Мала Азија.

Во декември 2019 заминува во пензија и се враќа во својата татковина, Република Македонија.

Извор[уреди | уреди извор]