Дончо Димовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дончо Димовски
Дончо Димовски.jpg
Роден Дончо Трајанов Димовски
1 октомври 1954 (1954-10-01) (68 г.)
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање математичар

Дончо Димовски (познат и како Дончо Трајанов Димовски; р. 1 октомври 1954 во Битола) — македонски математичар и универзитетски професор од 1994 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Димовски е роден на 1 октомври 1954 година во Битола. Дипломирал во 1976 на Математичкиот факултет, магистрирал во 1979, а докторирал во 1983 година со темата „Неедноставно сврзани Касонови рачки“ на Универзитетот на Њујорк во Бингамтон, САД, каде што добил награда за најдобра докторска дисертација во 1983 година.[2] Научно работи во неколку области: геометриско-комбинаторна топологија, еднопараметарска теорија на фиксни точки, векторско-вредносни структури и други. Има објавено повеќе од 50 научни трудови и две монографии. Од 2001 до 2003 бил шеф на Институтот за математика. Тој е главен уредник на списанијата „Сигма“ и „Matematika macedonica“.[3][4]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Non-simply connected Casson handles, Ph.D. thesis – посебно издание на ПМФ, 1984;
  • Complex commutative vector valued groups, K. Тренчевски, Д. Димовски, МАНУ, 1992
  • One parameter fixed point theory, D. Dimovski, R. Geoghegan, Forum Mathematicum 2, de Gruyter, 1990, 125–154;
  • On the affine and projective commutative (m+k,m)-groups, K. Trenčevski, D. Dimovski, J. Algebra, 240, 2001, 338–365.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ПМФ 1946–2006, Скопје, 2006
  2. Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987
  3. БУ бр. 759 /’00
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Димовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 472. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]