Велибор Глигориќ
Изглед
| Велибор Глигориќ Велибор Глигорић | ||
![]() | ||
| Роден | 28 јули 1899
Рипањ | |
|---|---|---|
| Починал | 3 октомври 1977
Белград | |
| Националност | Србин | |
| Занимање | критичар, историчар, академик | |
Велибор Глигориќ (Рипањ, 28 јули 1899 - (Белград, 3 октомври 1977 ) – книжевен критичар и историчар, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (25 јули 1969).[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Глигориќ дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1924 година и потоа бил службеник во Министерството за трговија и индустрија. Во времето на Втората светска војна бил уапсен и депортиран во Германија. По Ослободувањето бил директор на Драмата, управник на Народното позориште и управник на Југословенското драмско позориште во Белград, редовен професор на Катедрата за југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]- Критике, Београд, 1926;
- Лица и маске, Београд, 1927;
- Полемике, Београд, 1930;
- Књижевне магле, Београд, 1932;
- Српски реалисти, Београд, 1954;
- Биће позоришта, Београд, 1977.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 365. ISBN 978-608-203-023-4.

