Георги Константиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Георги Константиновски
Георги Константиновски.jpg
Роден(а) 29 јули 1930(1930-07-29)
Крагуевац, Србија
Националност Македонец
Награди Борбена плакета за Архивот на Скопје
Наградата Андреја Дамјанов за животно дело
Проекти Меморијален центар на АСНОМ
Историски архив (Скопје)
Црква во Струмица

Георги Константиновски (роден на 12 септември 1930 во Крагуевац) — македонски архитект.

Биографија[уреди | уреди извор]

Георги Константиновски дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година и припаѓа на првата генерација архитекти од овој факултет. По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам при Народниот одбор на Скопската околија во Скопје. Во 1958 година бил примен како асистент на Архитектонски отсек во Скопје по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Тука му завршува професионалната кариера како редовен професор во 1995 година. Во 1953 година бил на стручно усовршување во бирото на арх.Само Алмоснино и во „Еврејската агенција за урбанизам“ во Израел, а во 1960 година во Белград во бирото на арх.Рајко Татиќ. Магистрирал на Јелскиот универзитет, САД во 1965 година кај Пол Рудолф и Сергеј Чемаеф.

Работел во Њујорк во Бирото на Јо Минг Пеј, Хенри Коб и Аралдо Кауста. Тој е основач на прогресивната вонинституционална архитектонска група "Андерграунд" во Скопје во 1968 година. По доаѓањето во Скопје одржал поголем број предавања пред скопските архитекти за Современата американска архитектура проследена со дијапозитиви, работејќи интензивно цели две години на пишување книга во којашто ги вклучува големите имиња на сите живи американски архитекти. Токму за оваа цел добил огромен материјал посебно од фотографии на нивни објекти. Книгата со целокупниот материјал не биле никогаш да бидат објавени поради фактот што тогашниот директор на печатницата Нова Македонија отсечно одбил да печати книги поврзани со американска архитектура.

Во матичната книга на Архитектонски факултет во 1965 година се појавил на час по матичниот предмет каде се соочува со потешкотии во врска со нострификација на дипломата од Јелскиот Универзитет. Избран е за доцент на Архитектонски факултет во 1972 година. Во периодот од 1968 до 1995 се стекнал со сите звања од асистент до редовен професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1991 година на Белградското триенале на светска архитектура бил прогласен за најдобар архитект на Југославија и бил вброен во најдобрите 55 светски архитекти.

Конкурси[уреди | уреди извор]

  • 1969-06г. Учествувал на 45 анонимни и повикани архитектонско урбанистички конкурси на коишто ги освоил првите награди за:
  • 1969г. Студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје
  • 1977г. Градското собрание на Скопје,(единствена)
  • 1993г. Соборната православна црква во Струмица
  • 1998г. Парламентот во Астана, Казахстан
  • 2004г. Меморијалниот комплекс "АСНОМ" во Пелинце
  • Автор е на поголем број пласирани трудови, како и на повеќе награди на југословенско ниво.


93 Реализирани објекти од кои позначајни се:[уреди | уреди извор]

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје
  • 1966г. Архив на Град Скопје
  • 1967г. Дом за одмор и рекреација на пензионери во Катлановска Бања
  • 1969г. Студентски дом "Гоце Делчев" во Скопје
  • 1971г. Дом на печат во Приштина, Косово
  • 1972г. Архив на град Штип
  • 1974г. Архив на град Охрид
  • 1978г. Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Скопје
  • 1979г. Спомен дом на Разловечко востание во с.Разловци
  • 1983г. Епархија, Струмичко-Повардарска во Велес
  • 1988г. Административен објект "ЗОИЛ" во Струга
  • 1989г. Станбени блокови на главната улица во Струга
  • 1993г. Станбено-административен објект (Палата Унија)во Скопје
  • 1994г. Трговско деловен објект Палата "Кузман" во Скопје
  • 1995г. Станбен блок П+7+По на ул. "29 Ноември", Скопје
  • 1996г. Дом за нега "Сју Рајдер" во Ѓорче Петров
  • 2004г. Меморијален комплекс "АСНОМ" во Пелинце

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • 1969г. Борбена плакета за Архивот на Скопје
  • 1969г."11 Октомври" национална награда за архивот на Скопје
  • 1972г. Борбина плакета за студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје
  • 1981г. Борбина плакета за Спомен домот на Разловечкото востание во Разловци
  • 1995г. Големата награда на БИМАС за палатата "Унија" во Скопје
  • 1999г. Наградата "Андреја Дамјанов" за животно дело
  • 2004г. Големата награда на БИМАС за Меморијалниот музеј "АСНОМ" во Пелинце.

Галерија[уреди | уреди извор]