Склавини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Прататковината на Словените.

Склавините се една од трите словенски племенски групи образувани во IV век, во словенската прататковина која се наоѓала источно и северно од Карпатите, до реките Висла и Днепар.

Склавините биле оние Словени кои го населувале јужниот дел од својата татковина, додека пак Антите биле населени на источниот, а Венетите на западниот дел.

Современите Македонци потекнуваат од Склавини кои се населиле на територијата на регионот Македонија во 6 и 7 век, и формирале своја полу-држава Склавинија.

Склавиниите биле територии населени со словенски племиња, самостојни политичко-територијални, полудржавни организации, независни кнежества. Имале сопствена управа и посебна воена организација. На чело стоеле избрани водачи, именувани како архонти, егзарси, рексови и др. Во секоја склавинија обично било населено само едно племе. Во Македонија во 6 и 7 век, биле формирани склавинии на Берзитите, Вајонитите, Драговитите, Ринхините, Сагудатите, Смолјаните и Струмјаните. Покрај Словените живееле и староседелци, кои во почетокот не се мешале со Словените. Македонските склавинии преземале заеднички напади на Солун (586, 614–616, 618, 674–677) и на Цариград (626). Византијците презеле походи за потчинување на склавиниите во Македонија (7–8 век). Во борбите со Византија поголемиот дел од македонските склавинии ја признале византиската врховна власт. Другите, во внатрешноста, ја загубиле самостојноста по паѓањето на Македонија под бугарска власт (по сред. на 9 век).