Венети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прататковината на Словените.

Венеди, или Венети (лат. Venedi, Venethae, Venethi) — се едно од трите стари словенски племенски групи образувани во IV век, во словенската прататковина која се наоѓала источно и северно од Карпатите, до реките Висла и Днепар.

Венедите биле оние Словени кои го населувале западниот дел од нивната татковина, додека пак Антите биле населени на источниот, а Склавините на јужниот дел.

Некои западни летописци сретнувајќи се со Венедите - кои биле населени најблиску до Западна Европа - мислеле дека тоа е името на целиот народ, и затоа по грешка целиот словенски народ го нарекувале Венеди, наместо Словени.

Венетите се носители на Пржеворската култура во Полска.

Римското Царство во времето на Адријан (од 117-38), ја покажува локацијата на Венети во горниот тек на реката Висла во (Југоисточна Полска)