Македонска Славинија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на кралството Македонска Славинија. За регионот во централна-северна Европа видете Славинија.

Македонска Славинија е првата држава на македонските Словени и воопшто, прва словенска држава во светот, создадена во 7 век.[1] Таа настанала со здружување на македонските склавинии - кнежевства: Драговити, Сагудати, Берзити, Ринхини, Струмјани, Смолјани и други. Под поимот Словени во Македонија се подразбирале сите жители на Македонија, Словените и античкото македонско население.[2][3]

Опис[уреди | уреди извор]

Повеќе византиски хроничари даваат опис на Славинија и ја спомнуваат во своите хроники. Византискиот хроничар Теофанес Конфесор опишува настан кога Византија организирала поход против државите Бугарија и Славинија [4]. Македонската Славинија била напаѓана како од Византија, така и од Бугарија. Георги Монах зборува за пакоста на бугарскиот хан Пресијан што ја направил врз Славинија, кога Тома Славјанинот кренал бунт против Византија, таа ги замолила Бугарите да го задушат бунтот на Македонската Славинија; „реки крв“ потекле од убиствата на Бугарите што ги извршиле врз жителите на Македонска Славинија, известува средновековниот хронист Георги Монах.[5]

Натписи[уреди | уреди извор]

Во Егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на бугарскиот Пресијан од 837, кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур против Смолјаните. [6]

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9 век, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против грци и словени ...да го гази императорот.... додека тече реката Тича. [7]

Владетели[уреди | уреди извор]

На чело на Македонската Славинија познати се 2 крала, крал Хацон и крал Пребонд кои носеле латинска титула rex. Нивните имиња се латински, што може да укажува на фактот дека потекнувале од античкото македонско население кое било романизирано за време на римската окупација на Македонија.

Уништување[уреди | уреди извор]

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонската Славинија и државата ја разделува на кнежевства - склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок[8][9][10]. Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија [11]. Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија. Македонскиот проф. Иван Микулчиќ тврди дека од времето на Цар Симеон I (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав на север, до Егеја на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток го прифатиле заедничкиот етникон „Бугари”.[12]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 34
  2. Mirac., II, p.1325-1333
  3. Mirac.,II,p.4, Tougard, p.148-176
  4. Теофанес, Хронографија, уредена од Каролус де Боор (Лајпциг, 1883), I, стр. 347, Теофанес, стр. 557
  5. "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41
  6. Державин, Н.С. Историја на Бугарија. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле: Кой фалшифицира историята?
  7. Първобългарски надписи, Веселин Бешевлиев, Софија, 1979, БАН, стр. 129-130.
  8. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6
  9. Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel
  10. De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252
  11. L. Niederle, 425—428
  12. Средновековни градови и тврдини во Македонија, Иван Микулчиќ (Македонска академија на науките и уметностите — Скопје, 1996) стр. 72.