Ринхини — јужнословенско племе кое според Чудата на св. Димитрија во VII век биле населени во близина на Солун, односно на просторот на Халкидичкиот Полуостров,на исток до реката Струма. Кај нив особено било развиено рударството и топењето на железната руда. Во борбите против Византија учествувале со тешка пешадија. Во една хроника на светогорскиот манастир Кастамони се вели дека биле покрстени во времето на императорите иконоборци (византиска династија која владеела во периодот од 730-787 и 814-842) заедно со Сагудатите.