Драговитија

Драговити биле македонско јужнословенско племе кое се населило на Балканот во 7 век. Две различни гранки се споменуваат во изворите, едната се населува во средновековна Македонија на север и на исток од Солун и околу градот Бер (во денешна Грција), додека другите живееле во Тракија, околу Филипопол (денешен Пловдив во Бугарија).
Драговитија била склавинија (кнежевство) на територијата на Егејска Македонија, западно од Солун а денес во Република Грција, основано од македонското словенско племе Драговити. Оваа склавинија претставувала посебна епископија која го носела истото име, Драговитија. Дел од Драговитите подоцна се населиле и во Полог.
Од 614-616 година словенските племиња (Берзити, Драговити, Вајонити, Велегезити и Сагудати) на чело со драговитскиот поглавар Хацон неуспешно го нападнале Солун.
![]() |
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |