Снежана Веновска-Антевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Снежана Веновска - Антевска
Родена 2 јули 1959
Скопје
Националност македонка
Занимање македонски филолог

Снежана Веновска-Антевска (2 јули 1959, во Скопје) — македонски филолог, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со потесна специјалност — Современ македонски јазик и синтакса.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршила гимназија, а потоа дипломирала на Филолошкиот факултет (македонски јазик) во Скопје (1978 — 1982). На истиот факултет магистрирала на темата „Спротивната реченица кај македонските автори од XIX век“ (1983 — 1989) и докторирала на темата „Сврзникот НО во македонскиот јазик (синхронија, дијахронија, перспективи)“ (2001). Работи во Институтот, од асистент во Одделението за современ јазик, до директор (2002 — 2006). Автор е и соавтор на неколку книги, голем број статии и други прилози. Била член е на Советот за македонски јазик при Министерството за култура на РМ.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Спротивната реченица кај македонските автори од XIX век, Скопје, 1998;
  • Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи, том 1-4, Скопје, 1992, 1997, 2000 и 2001 (соавтор);
  • Личното име кај Македонците, Скопје, 1996 (соавтор);
  • Благоја Корубин и народните говори, Скопје, 1998 (соавтор);
  • Толковен речник на македонскиот јазик, том И-Ⅲ, Скопје, 2003, 2005 и 2006.

Литература[уреди | уреди извор]

  • 50 години Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 1953-2003, Скопје, 2003, 47-50.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Веновска-Антевска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)