Тони Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Јаневски
Роден 1972
Скопје
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Тони Јаневски (Скопје, 1972) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тони Јаневски е роден во Скопје во 1972 година. дипломирал, магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1996, 1999 и 2001 година, соодветно. Во периодот од 1996 до 1999 година како главен инженер во Мобимак (денес „Македонски Телеком“) учествувал во дизајнирањето и имплементација на првата мобилна јавна мрежа во Република Македонија. На Факултетот е вработен како асистент во 1999 година. Во 2001 е избран во звањето доцент, во 2005 година во звањето вонреден професор, а во 20хх во редовен професор. Во текот на 2001 година работел како гостин-истражувач во истражувачкиот центар Watson на компанија та IBM во Њујорк. Во наставата предава предмети од областа на телекомуникациите на додипломски и на магистерски студии, поконкретно предмети за интернет технологии, комутација и рутирање, дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи и за безжични IP мрежи.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 221. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Одлука за доделување на наградата „Гоце Делчев" за особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката“ (PDF). 23 април 2012. Посетено на 20 март 2021.