Ѓорѓи Здравев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Здравев
Роден 2 април 1941
Радовиш, Кралство Југославија
Починал 8 јануари 2007(2007-01-08) (возр. 65)
Скопје, Македонија

Проф. Д-р Ѓорѓи Здравев (Радовиш, 2 април 1941 - Скопје, 8 јануари 2007) — истакнат македонски етнолог и костимограф, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Ран живот и обрзование[уреди | уреди извор]

Ѓорѓи Здравев е роден во Радовиш во 1941 година. Средното образование го завршил во Училиштето за применета уметност во Скопје, по завршувањето на средно образование работел како наставник по ликовно во Радовиш. Во 1967 г. дипломирал на отсекот за костимографија на Академијата за применета уметност во Белград, таму и магистрирал во 1972 година. Докторирал на Одделението за етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1992 г. Истата година е избран во звањето виш научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а во 1997 година, и како вонреден професор на Академијата за драмски уметности во Скопје по предметот костимографија и историја на костимот.

Кариера[уреди | уреди извор]

Бил редовен професор на студиите по етнологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и еден од најдобрите познавачи на македонскиот фолклор. Автор е на неколку монографии за македонските народни носии. Паралелно со научно истражувачката и педагошка дејност се бавел и со уметничка дејност од областа на ликовната и применетата уметност.

Во периодот од 1983 до 1896 и подоцна во 90-те предавал Костимографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 1995 г. бил избран со звањето научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Во Заводот за етнологија на Институтот за географија на ПМФ почнал да работи во 1998 година најпрво како предавач на постдипломските студии по етнологија за во 1999 г. да биде избран за вонреден професор по предметите: етнологија на воневропски народи II и етнологија на Македонците I. Во 2004 година е избран за редовен професор. За време на својот работен век проф. Здравев учествувал на повеќе домашни и меѓународни семинари конференции форуми и други стручни и научни собири. За неговиот особено важен придонес треба да напомене неговата издвачка дејност од областа на етнологијата со неговите две научни дела „Македонски народни носии 1“ (1997) и „Македонски народни носии (ткаеници, везови, плетила, китење и накит)“ (2006), кои претставуваат сублимација на неговата многугодишна научно-истражувачка дејност. Има објавено повеќе од 80 стручни и научни трудови. Како најзначајни се посебните изданија на Институтот за фолклор Марко Цепенков меѓу кои: "Народните тантели и сорки во Овчеполието" Македонски фолклор 5 Скопје 1975, "Современата состојба на текстилното народно творештво и народната носија во Велешко" Македонски фолклор 22 Скопје 1988.

Дел од неговото творештво претставуваат и повеќе уметнички изложби во земјава и надвор самостојни или групни преку ДЛУПУМ. Во 1987 г. од ДЛУПМ ја добива наградата „Бигорски следбеници“.

Здравев бил истакнат македонски костимограф кој подготвил повеќе од педесет костимографии за театарски претстави во Македонија како што се „Црна Комедија“, „Грдиот Нарцис“, „Слепци“, „Легендата за Бошко Буха“, „Чук чук Стојанче“, „Чудото за Св. Ѓорѓи“, „Цар Едип“, „Ослободувањето на Скопје“ и многу други. За костимографија во една од легендарните претстави на Драмскиот театар - „Јане Задрогаз“ во 1975 година ја добил Стериината награда во Нови Сад. Бил добитник на наградите „Војдан Чернодрински“, „Гоце Делчев“ за придонес во науката во 1997 година, „13 Ноември“ за особени достигнувања во областа на науката во 2006 година.[2] Исто така бил и член во стручниот одброр на манифестацијата "Ревија на народни носии" во Струга, член на одборот на Симпозиумот за Балкански фолклор, член на редакцискиот одбор на збрникот на научни трудови "Македонски фоклор", член на Комисијата за фолклор при Републичката културно - просветна заедница. Покрај работата како костимограф работел и како стучен соработник во многу телевизиски емисии и телевизиски драми меѓу кои и серијата „Бушава азбука“.

Уметничка дејност[уреди | уреди извор]

Изложби[уреди | уреди извор]

- 1962 Изложба на слики и цртежи, во Кочани

- 1967 Самостојна изложба на слики и цртежи, Радовиш

- 1972 Од 1972 до крајот на кариерата учествувал на сите колективни изложби на костимографија на ДЛУМУМ "Лазар Личеноски".

- 1973 Самостојна изложба на модни цртежи и костими, Скопје

- 1981 Изложба на Свенографија и костимографија (по повод 35 години на МНТ)

Модни ревии[уреди | уреди извор]

- 1967 Авторска модна ревија, Штип

- 1972 Како гостин на модна ревија на "Националниот салон" во Белград

- 1978 Колекција на женски фустани од свила на "Нонча Камишова"

Костимографска дејност[уреди | уреди извор]

"Време за пеење" Македонски Народен Театар Скопје

"Нинџа желки", Детска радост Скопје 1991

"Бура" Драмски театар Скопје 1994

"Билет за пеколот" Универзална Сала Скопје

"Калигула" Драмски театар Скопје 1994

"Кумови" Драмски театар Скопје 1995

"Амадеус" Драмски театар Скопје 1996

Библиографија[уреди | уреди извор]

  1. Македонски народни носии I Скопје 1996
  2. Типологизација и класификација на Македонските народни носии МАНУ - Скопје
  3. Македонските народни носии според намената и функцијата МАНУ - Скопје
  4. Облекувањето во Македонија Скопје 1995
  5. Облеките на кралот Волашин и на кралот Марко на нашиот фрескоживопис во XIV век Прилеп 1995
  6. Костимирањето и маскирањето во зимските обредни игри во Македонија Скопје 1996
  7. Прилог кон проучувањето на текстилното народно творештво на Јуруците во Македонија Скопје 1996
  8. Италијански извори од XVI век за начинот на облекувањето во Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Почина етнографот и костимограф Ѓорѓи Здравев
  2. „НАГРАДА 13 НОЕМВРИ ЗА 2006 ГОДИНА“. Архивирано од изворникот на 2011-10-20. Посетено на 2010-11-04.