Кирил Мицевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
KIRIL MICEVSKI.tif
Роден 26 април 1922
Скопје
Починал 6 февруари 2002
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање ботаничар, биолог


Кирил Мицевски (1926-2002), македонски биолог и ботаничар, член на МАНУ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден e на 26 април 1926 година во Скопје, каде се стекнал со основно и средно образование. Во 1951 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на одделот за биологија. Докторирал во 1958 година и с# до своето пензионирање бил професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Бил на специјалистички престои на повеќе странски универзитети. Бил претседател на Факултетскиот совет и извршувал и други значајни функции на Факултетот, во Академијата и во други научни институции. Академик Мицевски бил член на редакциските одбори на списанијата: „Годишен зборник“ на Природно-математичкиот факултет, „Ацта“ и „Фрагмента Балцаница“, изданија на Природо-научниот музеј во Скопје, и на списанието „Екологија“. Објавил голем број трудови од одделни гранки на ботаничката наука, односно од неговите флористичко-таксономски и фитоценолошко-типолошки истражувања, што се синтетизирани и систематизирани во 5-томното издание „Флора на Македонија“. Академик Мицевски открил и идентификувал голем број растителни видови, како и растителни заедници, досега непознати за македонската и за светската ботаничка наука. За својата неуморна работа акад. Мицевски е одликуван со повеќе награди, признанија и плакети, а носител е и на Орден на трудот со златен венец. Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1974 година. Починал на 6 февруари 2002 година.