Дончо Донев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дончо Донев
Роден 25 септември 1949
Штип
Занимање специјалист по социјална медицина

Дончо Методиев Донев (Штип, 25 септември 1949) – македонски лекар, специјалист по социјална медицина, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Медицинските студии ги завршил во Скопје (1973), специјалистички испит по социјална медицина (1981) и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1993). Бил на усовршување во Атланта, САД (1993-1994, Хјуберт Хамфри програма), а потоа ја основал Македонско-американската алумни асоцијација во Скопје (2000). Основач е на Катедрата за социјална медицина (1994) и на Институтот за социјална медицина (1997). Од 2005 година бил именуван за национален соработник на СЗО за превенција и контрола на незаразните болести. Објавил 140 стручно-научни трудови и соработувал во 15 домашни и меѓународни стручни публикации.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 481. ISBN 978-608-203-023-4.