Прејди на содржината

Димитар Пандев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Пандев
Занимањепрофесор
НационалностМакедонец
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошки факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ПредметСовремена македонска книжевност
Книжевно движењелингвистика, македонска книжевност

Димитар Пандев — филолог и литературен критичар. Роден е на 17 мај 1958 година во Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Магистрирал на тема „Тиквешкиот зборник - лингвистичка анализа“, а докторирал на темата „Лесновскиот паренезис од 1353 - лингвистичка анализа“. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Член на ДПМ од 1987 година.[1]

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]
  • Согледби (есеи и критики, 1981)
  • Карписко евангелие (монографија, 1995, соавторство)
  • Македонски јазик за средно образование (учебник, 1997)
  • Меѓу црквата и чаршијата (2015)

Табела 1. Преглед на најзначајните дела

[уреди | уреди извор]
  • година жанр име на делото
  • 1981 есеи Согледби
  • 1995 монографија Карписко евангелие
  • 1996 роман Средновековни романи и раскази
  • 1997 учебник Македонски јазик за средно образование
  • 1999 анализа Тиквешки зборник
  • Прличев како филолог (Литературен збор стр. 39-45, 1992)
  • Македонскиот јазик од Илинден (1903) до АСНОМ (1944). итн

Добитник е на наградите:

  • „Млад борец“
  • „Гоце Делчев“
  • 2009 - „Стале Попов“ за „Пропатување низ приказните“[2]
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 192.
  2. „ДПМ ги додели наградите „Ацо Шопов" и „Стале Попов". Макфакс. Посетено на 6 мај 2020.