Лазар Лазаров
Изглед
| Лазар Лазаров | ||
| Роден | 2 февруари 1945
Зрновци, ДФ Македонија, ДФЈ | |
|---|---|---|
| Починал | 14 мај 2020
Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | професор педагог | |
Лазар Лазаров (роден на 2 февруари 1945 година во Зрновци - починал на 14 мај 2020 година во Скопје) — македонски професор.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Кочани и дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја во Скопје (1966-1970). Извесно време бил професор во гимназијата „Георги Димитров” работел во РСВР – Скопје и потоа во ИНИ во Одделението за Народноослободителната војна и најновата историја (1971-2004). Магистрирал на темата „Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на Македонија (1944-1948)” (1975) и докторирал на „Општествено-економскиот развој на НР Македонија (1944-1957)” (1984).
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, ИНИ, Скопје, 1979;
- Зрновци, Кочани, 1980 (со соавтор);
- Општествено-економскиот развој на НР Македонија во периодот на обновата и индустријализацијата на НР Македонија 1944-1957, Скопје, 1988;
- ВМРО низ француската документација, Скопје, 1997.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лазаревски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 784. Text "series " ignored (help)