Драган Ташковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Книгата „За Македонската нација(кликнете за да ја отворите и читате во целост)
Книгата „Раѓањето на Македонската нација(кликнете за да ја отворите и читате во целост)

Драган Ташковски (Скопје, 10 септември 1917 - Хвар, септември 1980) — македонски историчар и публицист[1].

Образование и работен век[уреди | уреди извор]

Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Високата школа за политички науки во Белград[1]. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12.IV.1975) и бил избран во звањето виш научен соработник[1]. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено политички функции: наставник и директор на Политичката школа на ЦК на СКМ, професор по социологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на филолозите и социолозите на СР Македонија, претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организациите и членовите на СКМ, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје[1].

Објавени дела[уреди | уреди извор]

  • Раѓањето на македонската нација, Скопје, 1967
  • За Македонската нација (Наша книга 1976)
  • Кон етногенезата на македонскиот народ
  • Македонија низ вековите (Наша Книга, 1985)
  • Корените на великобугарскиот национализам и санстефанска Бугарија
  • Цар Самоил
  • Карпошовото востание
  • Кон Богомилското движење
  • Богомилството и неговото значење

Мисли и извадоци[уреди | уреди извор]

За настанокот и процесот на етногенезата на македонскиот народ:

... Македонската нација, која израснува од овој „етнографски материјал“, не настанала од вакуум, туку своите корени ги влече длабоко во историјата на оние словенски племиња, кои кон крајот на VI и почетокот на VII век од нашата ера ги населиле просторите на денешна Македонија, односно просторите на некогашната татковина на Филип II и Александар Македонски[2]

Драган Ташковски, За Македонската нација“, 1976

За значењето на поврзаноста со античките Македонци и прифаќањето на името Македонија во настанувањето и постоењето на македонската нација:

... поврзувајќи ја својата историја со Старомакедонците и доведувајќи се себеси во некоја физиолошка врска со нив, сепак тоа несомнено беше и највеличенствен настан во историјата на македонскиот народ, бидејќи столетната безимена словенска содржина со македонското име добиваше форма која стана свест на денешниот македонски народ и политички живот. Со ова име всушност уште во ова време се ставаше основата на новиот политички и културен живот на идните Македонци.[3].

Драган Ташковски, Раѓањето на Македонската нација“, 1976

За прифаќањето на името Македонија и неговото значење за настанувањето и постоењето на македонската нација:

... преку оживеаната антика, го повратија македонското име на автохтоните старомакедонски простори, па словенското население на теренот на Македонија почна постепено да го усвојува тоа име, отпрвин како географско, а потоа како етничко, за на крајот со навлегувањето на капитализмот на македонска почва, кон средината на XIX век да прерасне во национално. Со тоа име словенскиот елемент на територијата на Македонија не само што се „огради“ од од другите народи на Балканот, туку и ги положи темелите на својот натамошен развиток како посебна македонска нација на Балканот[3].

Драган Ташковски, За Македонската нација“, 1976

За интересот и значењето на повикувањата за поврзаност на античките Македонци и современиот македонски народ:

... Старомакедонската држава, која за денешните Македонци претставува посебен интерес, бидејќи во националниот романтизам на македонскиот народ, не само името на земјата туку и старомакедонската државна традиција одигра пресудна улога, според која и македонското име стана национално, има своја долга предисторија[4].

Драган Ташковски, „Македонија низ вековите“, 1985

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Младеновски, Симо. (2009). „Ташковски, Драган“. Македонска енциклопедија 2: 1472. Скопје: МАНУ.
  2. Ташковски, Драган (1976) (на македонски). За Македонската нација. Скопје: Наша Книга. стр. 63. 
  3. 3,0 3,1 Ташковски, Драган (1967) (на македонски). Раѓањето на Македонската нација. Скопје: НИП „Нова Македонија“. стр. 98.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „За македонската нација и името“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Ташковски, Драган (1985) (на македонски). Македонија низ вековите. Скопје: Наша Книга. стр. 11-12.