Прејди на содржината

Раѓањето на Македонската нација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раѓањето на Македонската нација
Книгата "Раѓањето на Македонската нација" (кликнете на сликата за да ја отворите и читате во целост)
АвторДраган Ташковски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанристорија, политика
ИздавачНИП „Нова Македонија
Издадена
1967
Страници282

Раѓањето на Македонската нација — книга и научен труд-студија во вид на историско-политиколошки и социолошки есеистички трактат, посветена на проучување и објаснување на процесот на настанокот и создавањето на македонската национална свест и нација. Напишана е од македонскиот историчар и социолог Драган Ташковски во 1967 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата содржи вовед и десет посебни глави посветени на подетално проучување и објаснување на историските процеси на појавата на македонската национална свест, општествено-економските и политичките услови, факторите кои влијаеле за појавата на македонската национална свест како и оние кои влијаеле за создавање на неточни претстави кај некои македонски интелектуалци за својата народност. Понатаму поглавјата го обработуваат националниот романтизам и раѓањето на македонската национална свест со особен осврт на значењето на повикувањето за поврзаност со старомакедонците и Античка Македонија на македонските дејци и народни маси, како и диференцијацијата на внатрешните сили во Македонија на национален план и состојбите во Македонија по создавањето на бугарската Егзархија и Берлинскиот конгрес во однос на афирмација на македонската свест и нација.

Мисли и извадоци

[уреди | уреди извор]

За значењето на поврзаноста со античките Македонци и прифаќањето на името Македонија во настанувањето и постоењето на македонската нација:

... поврзувајќи ја својата историја со Старомакедонците и доведувајќи се себеси во некоја физиолошка врска со нив, сепак тоа несомнено беше и највеличенствен настан во историјата на македонскиот народ, бидејќи столетната безимена словенска содржина со македонското име добиваше форма која стана свест на денешниот македонски народ и политички живот. Со ова име всушност уште во ова време се ставаше основата на новиот политички и културен живот на идните Македонци.[1].

Драган Ташковски, „Раѓањето на Македонската нација“, 1976

За името Македонци и значењето на поврзаноста со античките Македонци во одбрана на посебноста и самобитноста:

Името Македонец во ова време во суштина стана не само синоним на словенскиот национален индивидуалитет во Македонија, туку брана против бугарскиот, грчкиот, а подоцна и српскиот напад.

Старата македонска слава што ја воскреснуваа овие луѓе „од народни низни“, наречени македонисти, многу силно влијаеше врз македонските умови. Свеста дека не се Бугари, ниту Грци, ниту Срби, туку Македонци, потомци на старите Македонци, не само што го исполнуваше „простиот“ човек со гордост, туку тоа му беше и најсилно средство за самоодбрана од туѓите напади. Тоа на македонскиот човек, кој со векови беше потиснуван, мју годеше, бидејќи во старомакедонската слава ги најде своите историски рамки и оправдување за своето постоење, а в о нејзиното име гледаше гаранција за блескавата иднина и опстанок, токму во времето кога не само Грците, туку и Бугарите со голема сила удрија по нивната самобитност. И кога велиме дека со овие луѓе почнува вистинската преродба на македонскиот народ, тоа не е само фраза туку факрт, бидејќи тие првпат ги изложија на модерни основи народните македонски политички идеи, кои не само што дотрајаа до денеска, туку и однесоа победа над сите други идеи.[2].

Драган Ташковски, „Раѓањето на Македонската нација“, 1976

  1. Ташковски, Драган (1967). Раѓањето на Македонската нација. Скопје: НИП „Нова Македонија“. стр. 98.
  2. Ташковски, Драган (1967). Раѓањето на Македонската нација. Скопје: НИП „Нова Македонија“. стр. 168–169.