Пресказание на Голем Александр
Книгата „Пресказание на Голем Александар“ | |
Автор | Атанас Македонец |
---|---|
Изворен наслов | Πρεσκαζανιε να Γκολεμ Αλεζαντρ |
Земја | Венеција |
Јазик | македонски народен говор напишан со грчка азбука |
Жанр | историја |
Издадена | 1845 |
Страници | 31 |
Пресказание на Голем Александр — книжевно дело едно од најраните дела од македонската книжевност посветено на Александар Македонски напишано од јеромонахот Атанас Македонец. Оваа книга во вид и обем на мала книшка е објавена во Венеција во 1845 година[1][2]. Делото е пишувано на македонски народен говор односно македонски дијалект со грчка азбука[1] со оригинален запис на насловот Πρεσκαζανιε να Γολεμ Αλεζαντρ[2]. Во современа Македонија ова дело за првпат е објавено од Вера Стојчевска-Антиќ во 1996 година[1]. Книшката е пишувана на мисирковски јазик со грчкото писмо, но со јасна македонска свест и именски фиксирана национална тенденција, со што таа е и прво дело во периодот до 1875 година[2], од кога започнува појасно истакнатото движење на македонството во рамки на македонската преродба со делата на Ѓорѓија Пулевски. Стојчевска-Антиќ забележува дека авторот го напишал делото на општомакедонски „наддијалектен“ јазик, изразувајќи ја националната свест и трудејќи се да ги смеша сите дијалекти што ги познавал.
Според грчките[3] и бугарските[4] пропаганди, делото е издадено од страна на Атанасиос Сулиотис, член на Елиномакедонскиот комитет во 1907 година.[5] Всушност станува збор за сосема друго издание,[6] преведено и отпечатено на грчки, во кој е вметнат предговорот од Јеромонахот Атанасиј Македонецот.[7]
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи 31 страница текст на македонски јазик напишан со грчко писмо. Во оваа книга јеромонахот Атанас Македонец зборува за татковината на Александар Македонски, односно за Александровата „патрида“, поточно за патридата „на тој големиот човек“ и тоа на македонски народен јазик[1]. Во „Прологот на терџуманот“ (предговор на преведувачот) Атанас Македонец потенцира дека овие претскажувања на Голем Александар „прекажаја бес грешка коуку големи работи се направиа од тоа времето до денеска и кажваат и што ќе се сторит ушче“[8]. Со својата содржина оваа книга гравитира кон средновековната „Александрида“, односно кон популарниот средновековен Роман за Александар Македонски и токму затоа би можело таа да се разгледува во рамките на средновековната литература како една од бројните верзии на средновековниот роман за Александар[1].
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Младеноски, Ранко (2012). „„Претсказанието" на Атанас Македонец и еден расказ за Александар Македонски“. Велес - Друштво за наука и уметност Велес. XVI (16): 55–61.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже (2013). Македонски работи. Скопје: МАНУ. стр. 12. ISBN 6082030958.
- ↑ Ιερομόναχος Αθανάσιος Μακεδών, μεταφραστής [ψευδ.] Προφητείαι του Μεγάλου Αλεξάνδρου. Εν Ενετία [Θεσσαλονίκη], (1845) [1907].
- ↑ Roumen Daskalov, Tchavdar Marinov, Entangled Histories of the Balkans - Volume One: National Ideologies and Language Policies, BRILL, 2013, ISBN 9789004250765, p. 293.
- ↑ Carl Cavanagh Hodge (2008) Encyclopedia of the Age of Imperialism, 1800-1914, Greenwood Publishing Group, Andrekos Varnava, Salonica, p. 631, ISBN 0313043418.
- ↑ Προφητείαι του Μεγάλου Αλεξάνδρου
- ↑ Προφητείαι του Μεγάλου Αλεξάνδρου (1907)
- ↑ Македонец, Атанас (1996). Претскажувањата на Голем Александар. Скопје: Зумпрес. стр. 33. ISBN (подготовка, превод и транскрипција Вера Стојчевска - Антиќ) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Претсказанието за Голем Александр (PDF) — оригинал и во современа транскрипција