Македонски работи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски работи
Книгата "Македонски работи"
АвторБлаже Ристовски
Изворен насловМакедонски работи - јазик, литература, историја, нација, држава
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанристорија
ИздавачМАНУ
Издадена
2013
Страници693
ISBN978-608-203-095-1

Македонски работи (полн наслов: Македонски работи - јазик, литература, историја, нација, држава) — обемно дело систематизирана збирка на еднодецениските научни истражувања и јавни настапи, на академикот Блаже Ристовски, објавувани во зборници и во списанија на МАНУ или надвор, а некои и дотогаш воопшто ненапечатени, што се однесуваат на јазикот, литературата, нацијата и државата на Македонија. Научните истражувања и текстови се подредени во пет делови, насловени: Преродбенски процеси и пројави, Историја и државност, Јазик и литература, Пак Мисирков и Македонски работи - Документи - аргументи. Сите написи се систематизирани обработувајќи настани, процеси, личности - домашни македонски национални дејци и странски учени и дејци, организирани македонски национални движења и нивната дејност во однос на македонската национална идеја и тоа во историски след и рамка почнувајќи од македонската национална преродба од средината на XIX век па сè до денешни современи настани по независноста на Македонија во кои е учесник и самиот автор како на пример првата влада на независна Македонија од 1991, Форумот за Македонија 2001, создавањето на првата Македонска енциклопедија од 2009.

Мисли и извадоци[уреди | уреди извор]

Како и денеска, во прашање беше елементарната претпоставка - името. Во Турција никој никого не прашуваше за етничкото потекло. Со векови беше важна верата и социјално економскиот статус, ...

... По земјата, луѓето знаеја дека се од Македонија и самите надвор се викаа Македонци. Впрочем, така стоеше и во Библијата. А тоа им го сугерираше и живата традиција со митот за Филип и Александар[1].

Блаже Ристовски, „Проблемите и дилемите на европската славистика за Македонија и Македонците (До формирањето на македонската држава)“ во „Македонски работи“, 2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2013). Македонски работи. Скопје: МАНУ. стр. 222. ISBN 6082030958.