Зденка Рибарова
Зденка Рибарова Zdenka Ribarova | |
---|---|
Роден(а) | 13 јуни 1945 Скопје, Чехословачка денес Чешка |
Починал(а) | 14 март 2019 Прага, Чешка |
Националност | Чехинка |
Занимање | филолог |
Зденка Рибарова (чешкиːZdenka Ribarova; Прага, Чешка, 13 јуни 1945 - Прага, 14 март 2019) — чешки филолог, експерт по бохемистика, русистика, и југославистика. Била научен советник во Одделението за историја на македонски јазик во ИМЈ „Крсте П. Мисирков“ во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Рибарова е родена на 13 јуни 1945 година во Прага, денес Чешка. Високо образование завршила на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, бохемистика, русистика, и југославистика, во 1962-1967 година. Докторирала во 1969 година на Карловиот универзитет во Прага од областа на споредбената граматика на словенските јазици и старословенскиот јазик со дисертацијата на тема Императивот во старословенскиот јазик. Од 1975 година, сè до пензионирањето, во 2008 година, работела како научен советник во Одделението за историја на македонскиот јазик при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Од 1986 година била раководител на Одделението и главен истражувач на проектот Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција, а од почетокот на неговото излегување (2000) била главен уредник на Речникот. Работела и на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб (1967-1969, 1970-1975) каде што предавала чешки јазик, на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина (1976-1977, предавања по старословенски јазик), на Масариковиот универзитет во Брно (1997-1999, лектор по македонски и српски јазик); на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага (1968— 1973, асистент по старословенски и српскохрватски јазик); 2000-2005 лектор по македонски јазик и предавал по црковнословенски јазик); во Словенскиот институт при АН 4P во Прага (2000-2005 и од 2009 како самостоен научен соработник во Одделениетото за палеословенистика и византологија). Починала на 14 март 2019 година во Прага.
Научна дејност
[уреди | уреди извор]Со нејзината педагошка дејност се поврзани универзитетските учебници по чешки јазик издадени во Загреб и Скопје, како и Прирачник по македонски јазик со преглед на македонската граматика издаден во Брно. Научниот интерес на д-р Рибарова се однесува првенствено на проблематиката на старословенската и црковнословенската писменост во пошироки компаративистички рамки, а на прво место на македонската редакција на црковнословенскиот јазик и на најстарата историја на македонскиот јазик. Тоа се гледа од бројни прилози објавени во домашни и странски реномирани списанија, поднесени на бројни домашни и меѓународни научни собири. Нејзината текстолошко-филолошка ориентација доаѓа до израз преку подготовката на едициите на црковнословенски споменици: Радомировото евангелие (1988), Григоровичев паримејник (1998) и Книга на пророкот Јона (1987). Покрај работата врз проектот Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција, соработувала и соработува и во други проекти: Средновековна македонска книжевност (1982-1986), проект на Институтот за македонска книжевност; Словенската писменост и дејноста на Охридскиот книжевен центар (1996-1998), проект на МАНУ, раководен од акад. П. Хр. Илиевски; Грчко-старословенски индекс (од 2000 година), проект на Словенскиот институт на АН 4P во Прага, раководен од В. Чермак. Особено внимание и посветува на меѓународната соработка што може да се види од нејзиното учество во повеќе меѓународни проекта кои придонесуваат кон афирмација на македонистиката (и особено на македонската палеославистика) во светот. Претседател е на Комисијата за црковнословенските речници при МСК, член на меѓународниот редакциски одбор на списанието Слово што го издава Старословенскиот институт во Загреб и еден од основачките членови на Комисијата за електронска обработка на стари ракописи и старопечатени книги при МСК. Библиографијата на д-р Рибарова содржи 170 единици, вклучувајќи и неколку книги и поголеми монографски студии. Била за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|